 
                                        А.Д. „Електрани на Македонија“, Скопје  настана со Одлука на Владата на Република Македонија, број 19-2626/1 од  30.6.2005 година, со реструктуирање на Електростопанство на Македонија - Акционерско  друштво за производство, дистрибуција и снабдување со електрична енергија во државна  сопственост, Скопје со издвојување и основање ново друштво за производство на електрична  енергија.
                            Друштвото  се запиша во трговскиот регистар во Основниот суд Скопје 1, Скопје, под т.рег.бр.5020/05  од 9.9.2005 година.
Друштвото работи и учествува во правниот промет под фирма: Акционерско друштво за производство на електична енергија „Електрани на Македонија“, во државна сопственост, Скопје.
                            Во правниот промет Друштвото употребува и  скратена ознака на фирмата која гласи: А.Д. „Електрани на Македонија“ во државна сопственост, Скопје.
                            Друштвото има скратено име А.Д. ЕЛЕМ - Скопје.
                          Седиштето на Друштвото е во  Скопје, на улица „11 Октомври“, бр.9.
Основна дејност на Друштвото е производство  на електрична енергија и е дејност од јавен интерес. Со одлука број 02-1391/1  од 18.11.2005 година АД ЕЛЕМ доби лиценца за вршење енергетска дејност -  производство на електрична енергија. Временскиот период на важење на лиценцата  е 35 години и е со важност до 1 ноември, 2040 година. 
На 20 март 2006 година, со Одлука број 02-410 од Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија, АД ЕЛЕМ доби лиценца за подружница „Енергетика“- Скопје за вршење на енергетска дејност, и тоа :
На 22 декември 2008 година, со Одлука број 02-2187/1 и Одлука број 02-2188/1 од Регулаторна комисија за енергетика на Република Македонија, АД ЕЛЕМ доби лиценца за подружница „Енергетика“- Скопје, за вршење енергетска дејност и тоа :
Организациски делови на Друштвото се:  Дирекцијата и подружниците.
                              Производствени  подружници се:
Подружниците на Друштвото се организирани со акт на Управен одбор, врз основ на претходно одобрение на Надзорниот одбор.
                              Членови  на Управен одбор во 2015 година се:                
Членови  на Надзорен одбор во 2015 година се: 
                          
Износ на  основната главнина,номинална вредност на акциите и нивниот број
                              Основната главнина на Друштвото изнесува  31.738.878.000,00 денари  (триесет и  една милијарда седумсто триесет и осум  милиони и осумстотини седумдесет и осум илјади денари) или 517.818.006,800 ЕУР  според средниот курс на Народна банка на Р.Македонија објавен еден ден пред  усвојување на Статутот.
                          Основната главнина на Друштвото е поделена на  31.738.878 обични акции што гласат на име, со номинална вредност од 1.000 (илјада)   денари денари по акција.
