Обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност
				Парк на ветерни електрани Богданци 
                
                  - ЛОТ 1 - Ветерни турбини
                    - Извршен е прв  технички преглед од страна на независно инспекциско тело за ветерните турбини и  доставен е извештај.
- Започната е подготовка  на барање до Техничката инспекција (Министерство за економија) од извршениот  прв технички преглед од страна на независно инспекциско тело за ветерните  турбини.
- Извршен е прв  редовен годишен сервис на ветерните турбини.
- ЛОТ 2 - Пристапни патишта, трафостаница и далновод
                    - Извршен е  технички преглед за ТС Богданци од страна на МТВ и добиено е одобрениеза  употреба на објектот.
- Извршен е технички  преглед на далновод 110 kV Богданци-Валандово од страна на Државната комисија  пришто е добиено одобрение за употреба за објектoт.
- ЛОТ 3 –  Командно- контролен објект и ДВ поле во ТС Валандово
                    - Извршен е  технички преглед на објектот од страна на Државната комисија и добиено е одобрение  за употреба на објектот.
- Повлекувања од кредитот со КФВ банката (KfW).