Термоелектрани
                            Ревитализација и модернизација на ТЕЦ „Битола “
                            
                              - Ревитализација и модернизација на ТЕЦ „Битола“ со намалување на  SОx и прашина                              
- Потпишан е договор со  консултант за изработка на физибилити студија за намалување на SOx и прашина,  проширена со влијанието на сите штетни материи што се емитираат од РЕК „Битола“, што вклучува и компаративна анализа за  влажна и за сува постапка. 
Топлификација на Битола, Могила и Новаци  – прва фаза 
                            
                              - Изработена е и доставена комплетна документација за основниот  проект;
- Одобрен е проект за инфраструктура за вреловод од РЕК „Битола“  до Битола;
- Одобрен е проект за инфраструктура за дистрибутивна мрежа  Битола;
- Изработен  е проект  за инфраструктура за Новаци;
- Изработен е проект за инфраструктура за Логоварди;
- Изработени се проекти за инфраструктура за терцијална  мрежа 
- Обезбедено е овластување за изградба на нов производствен  објект на топлинска енергија;
- Одобрени се елаборатите за СОВЖС од страна на МЖСПП; 
- Апрејзл мишн (Аppraisal mission) од страна на КФВ банка  (KfW);
- Утврдени се лотовите за изведба на проектот  т.е. 4 лота;
- Потпишан е договор за заем со КФВ банката.  
Модернизација на ТЕЦ „Осломеј “
                            
                              - Изработена е физибилити студија за проектот „Модернизација на ТЕЦ `Осломеј`“ од страна на АФ Консалт (AF  Consult) – Швајцарија; 
- Презентација на физибилити студијата за модернизација на ТЕЦ „Осломеј“ пред  Економскиот совет на Владата на Р. Македонија; 
- Доставена е СОВЖС до МЖСПП;
- Потпишан е договор со консултант ЕПЛЛ одХрватска за изготвување анализа во  врска со можноста за работа на ТЕЦ „Осломеј“ на природен гас; 
- Започната е постапка  за избор на консултант за ревизија на квалитативна и квантитативна анализа за  снабдување на ТЕЦ „Осломеј“ со гориво. 
Оптимизација на „Енергетика “
                            
                              - Изработен е елаборат односно студија за  оптимизација на постројките и технолошкиот процес во подружница „Енергетика“ од страна на АФ Консалт (AF Consult) – Швајцарија. 
- Изработка на проектна задача за основен проект за модернизација на  разводните постројки во Енергетика; 
- Изработка на проектна задача за физибилити студија за проширување на  топловодната мрежа. 
ТЕЦ Неготино 2 со јаглен од рудник Неготино
                            
                              - Изработена е анализа за исплатливост за транспорт на јагленот од  јагленово наоѓалиште Неготино до ТЕЦ „Битола“ и  до ТЕЦ „Осломеј“;
- Изработена е проектна задача за изработка на предфизибилити студија за  нова електранаТЕЦ „Неготино“ што би се снабдувала со јаглен од рудник Неготино.