Рудници

Површински коп „Брод-Гнеотино“

  • Во тек се детални геолошки истражувања

Рударска опрема за рудници во РЕК „Битола“

  • Пратено е барање за изразување интерес до меѓународни институции (странски комерцијални банки) за финансирање на проектот (набавка на рударска опрема и одводнување)) со државна гаранција. По добивање на понудите се изврши избор за најповолен кредитор.
  • Изработена е детална техничка спецификација за опремата како дел од тендерската документација.

Јагленово лежиште Живојно

  • Потпишан е договор со проектантска куќа за изработка на главен рударски проект за отворање, подготовка и експлоатација на јагленот од Живојно со јамска и со површинска технологија.

Рудник „Мариово“

  • Започната е постапка за избор на консултант за изработка на физибилити студија за транспорт на јаглен од рудник „Мариово“ до РЕК „Битола“.

Јагленови наоѓалишта Панчерево - Беровско, Звегор - Стамер Делчевско, Лавци - Ресенско и Пискупштина – Струшко

  • Изработен е проект за детални геолошки истражувања за Пискупштина – Струшко;
  • Избрани се изведувачи за изведба и надзор на деталните геолошки истражувања на Панчерево, Беровско;
  • Избрани се изведувачи за изведба и надзор на детални геолошки истражувања на Звегор – Стамер, Делчевско;
  • Избрани се изведувачи за изведба и надзор на детални геолошки истражувања на Лавци, Ресенско;
  • Добиени се концесии за детални геолошки истражувања за трите локации;
  • Изработени се геодетски елаборати со нумерички податоци за јагленовите наоѓалишта Звегор-Стамер, Панчерево и Лавци;
  • Одржани се јавни расправи во општина Делчево, Пехчево и Ресен за јагленовите наоѓалишта Звегор-Стамер, Панчерево и Лавци.

Заштита на животна средина во и околу – РЕК „Битола“

  • • Изработен е шестмесечен извештај за спроведени активности во домен на заштитата на животната средина во РЕК „Битола“, за потребите на договорот за кредитирање за ревитализација и модернизација на РЕК „Битола“ со Дојче банка.

 

 

 

Copyright © 2015 А.Д ЕЛЕМ. Сите права се заштитени.