Термоелектричните централи се приоритетни во електроенергетскиот систем на Македонија. Тие обезбедуваат 81% од производството на електрична енергија во АД ЕЛЕМ. Најголема термоцентрала е РЕК „Битола“ со своите три блока Битола 1, 2 и 3, со просечно годишно нето-производство од 4.200 GWh. Јагленот се користи како основно гориво за производство на ее во РЕК „Битола“. Во составот на термосистемот во Република Македонија припаѓа и РЕК „Осломеј“, со инсталирана моќност на блокот од 125 MW и просечно годишно нето-производство од 500 GWh. Јагленот, исто така, е основно гориво за производство на ее и во РЕК „Осломеј“.
Термоелектрани | Инсталирана моќност |
Нето производство |
Година на пуштање |
Работни часови |
Основно гориво |
Енергетска вредност на гориво |
---|---|---|---|---|---|---|
Битола 1 |
233 |
804,7 |
1982 |
5275:07:00 |
Јаглен |
6208 |
Битола 2 |
233 |
1.110,8 |
1984 |
7004:28:00 |
Јаглен |
6208 |
Битола 3 |
233 |
1.070,8 |
1988 |
6570:17:00 |
Јаглен |
6208 |
Осломеј |
125 |
106,5 |
1980 |
1657:36:00 |
Јаглен |
5444 |
|
|
|
|
|
|
|
ВКУПНО |
824 |
3.092,7 |
|
|
|
|
Вкупната инсталирана моќност на хидрокапацитетите изнесува 553,6 MW, односно 40% од вкупните капацитети на АД ЕЛЕМ. Во АД ЕЛЕМ постојат осум хидроелектрани, од кои две проточни - „Равен“ и „Врбен“ и шест акумулациони - „Вруток“, „Шпилје“, „Глобочица“, „Тиквеш“, „Козјак“ и „Света Петка“. Од вкупното производство на електрична енергија во АД ЕЛЕМ, од хидропроизводство се обезбедува околу 19 %, и тоа пред сè за задоволување на дневните варијации на потрошувачката на електрична енергија и за обезбедување на системските услуги за регулација, со што се постигнува поголема флексибилност и распoложливост на електроенергетскиот систем.
Хидроелектрани | Број на агрегати |
Инсталирана моќност |
Нето производство |
Работни часови |
Година на пуштање |
Тип на електрана |
---|---|---|---|---|---|---|
Вруток |
1 |
41,4 |
360,19 |
2559,2 |
1957/1973 |
Акумулациона |
Равен |
1 |
7 |
43,39 |
3142,7 |
1959/1973 |
Проточна |
Врбен |
1 |
6,4 |
35,31 |
4312,1 |
1959 |
Проточна |
Шпилје |
1 |
28 |
312,79 |
4850,0 |
1969 |
Акумулациона |
Гловочица |
1 |
21 |
225,53 |
6256,1 |
1965 |
Акумулациона |
Тиквеш |
1 |
28,5 |
303,71 |
3355,1 |
1968/1981 |
Акумулациона |
Козјак |
1 |
41 |
171,57 |
1891,9 |
2004 |
Акумулациона |
Света Петка |
1 |
18,2 |
75,78 |
2238,2 |
2012 |
Акумулациона |
ВКУПНО |
44 |
556,8 |
1528,27 |
78650,4 |
|
|
Оваа 2015 година паркот на ветерни електрани „Богданци“, лоциран во месноста Ранавец крај Богданци, почна со редовно производство на електрична енергија по успешно поминатите процедури на тестирање на опремата односно нејзините карактеристики, и добиената техничка дозвола за работа.
ВЕТРО ЕЛЕКТРИЧНИ ЦЕНТРАЛИ | Број на агрегати |
Инсталирана моќност |
Нето производство |
Година на пуштање |
---|---|---|---|---|
ПВЕ Богданци |
16 |
36,8 |
120,8 |
2015 |
Турбините се производство на Сименс - Данска и се вбројуваат меѓу најдобрите во својата класа. Инсталираната моќност на секоја од нив е 2.3 MW, висината на столбот изнесува 80 метри, а дијаметарот на елисата изнесува 93 метри. ПВЕ „Богданци“ се очекува годишно да испорачува најмалку 100 GWh природно одржлива односно обновлива енергија. Истовремено, ветерниците ќе ја зголемат инсталираната моќност на АД ЕЛЕМ за 36,8 MW. Со овој проект ќе се зголеми и учеството на обновливите извори во портфолиото на АД ЕЛЕМ и претставува уште еден силен показател за грижата на нашата компанијата кон животната средина.