Нови енергетски извори

  • Во текот на 2015 год. одржани се тренинзи - е- лрнинг, фејс ту фејс (e-learning, face to face) за енергетско планирање во склоп на проектот МАК 2006 со МААЕ. Обуките беа одржани од експерти од Агенцијата (МААЕ) кои со својата посветеност и професионалност беа од корист за стручните лица во ЕЛЕМ, и ги обучија нашите кадри на солидно, високо ниво. Од оваа проблематика произлезе интерен извештај за енергетско планирање на потрошувачка и производство до 2040 год, којшто во наредните години ќе се користи како основа за понатамошна работа. Целта на овој извештај е доведување на енергетското планирање на повисоко ниво, а воедно и негово ажурирање со најнови податоци и проекти кои ќе произлегуваат од неговата примена, како и продолжување на периодот на планирање.
  • Надополнување на студијата за човечки ресурси – образование.
  • Подготовка на проектни задачи и идни активности во неколку области за понатамошна изработка на различнистудии:
  • Човечки ресурси - индустрија,
  • Студија за сеизмичност на локациите Мариово, Криволак, Мантово и Тиквеш.
  •   Изготвување и аплицирање за проектот со МААЕ - Виена за техничка помош за проектниот циклус 2016/2017г.на тема: „Поддршка при развој на нуклеарна енергетска програма во Р. Македонија“.  Проектот е одобрен од МААЕ.
  • Започнување (подготовка) на програма за информирање на јавноста преку презентации, интервјуа, работилници, итн.
  • Учество на неколку семинари и обуки, меѓу кои како позначајни се издвојуваат:
  • Запознавање и обука за работа со енергетско планирање со користење на MAED и MESSAGE модели преку е- лрнинг, фејс ту фејс обуки (E-learning и face-to-face);
  • Запознавање со методи и процедури за финансирање на големи енергетски објекти ( одржување работилница на која учествуваа 3 реномирани светски експерти и 30 локални експерти);
  • Организирање работилници на коишто се разменуваат искуства за нуклеарна енергетика во различни земји од регионот (Словенија, Бугарија), кои, пак, се од интерес за нуклеарната програма во Р. Македонија;
  • Техничка посета на НЕЦ „Кршко“ каде што беше претставено искуството при експлоатацијата на НЕЦ, како и активностите за изградба на нова НЕЦ „Кршко“ 2;
  • Учество на технички состанок за национална позиција каде што беше претставен статусот на голем број земји од аспект на енергетското планирање.

 

 

 

 

Copyright © 2015 А.Д ЕЛЕМ. Сите права се заштитени.