Хидроелектрани
                            ХЕЦ „Бошков Мост “
                            
                              - Спроведена е постапка за одобрување на урбанистичко-  планска документација; 
- Изработени  се стратешки оценки на урбанистичката документација за с.Селце и планската  документација за проектот;  
- Изработени  се дополнителни анализи за усогласеност со ЕБОР политиките за биодоверзитетот;
- Започната  е изработка на урбанистичка документација за приклучок на ЕЕС;
- Изработена  е студија за проценка на влијанието врз акватичниот биодиверзитет;
- Изработен е  збирен извештај што опфаќа различни мерки за намалување на влијанието врз  животната средина од проектот;
- Изработен  е план за компензација и надомест во согласност со процедурите на ЕБОР во врска  со животната средина ;
- Изработен  е план за управување со  пејсажот;
- Добиен e превод  на англиски јазик од СОВЖС за проектот „Бошков Мост“;
- Добиено е  продолжување на Решението за давање согласност за спроведување на проектот од  МЖСПП;
- Во  соработка со ЕБОР спроведени се хидролошки мерења со цел да се обезбеди потврда  на хидролошката основа за развој на проектот ;
- Експертска  мисија на претставници на Бернската конвенција, усвоени се проепораки на  постојаниот комитет на Бернската конвенција за изградба на ХЕЦ во НП Маврово;
- Добиена е согласност  за приклучок на преносна мрежа;
- Изработен е  проект за подготвителни работи;
- Изработен  е геодетски елаборат за К.П. за подготвителни работи;
- Изработени  се геодетски елаборати за с.Селце, с.Росоки и с.Тресонче за УПС.
Ревитализација на ХЕЦ – трета фаза 
                            
                              - Започната е изработка на извештајот за новодефинираниот  проект „Ревитализација на ХЕЦ - трета фаза“ со првична проценка на потребната  опрема и градежните работи.
ХЕЦ „Чебрен“ и ХЕЦ „Галиште “
                            
                              - Започната е изработка на техничка информација за  проектите ХЕЦ „ „Галиште“. 
Брана „Луково Поле“ и довод на  Корабски води 
                            
                              - Изработена е студија  за оценка на влијание врз животната средина – СОВЖС; 
- Направен е пресек на  реализирани и на преостанати активности врз основ на договорот со консултантот за  изработка на основен проект.
Вардарска Долина
                            
                              -  Изработена е техничка информација за хидроенергетско  искористување на водниот потенцијал на реката Вардар;
- Изработена е проектна задача  за изработка на нова предфизибилити студија за хидроенергетско искористување на водниот потенцијал на реката Вардар;
- Започната е подготовка на тендерска документација за изработка на предфизибилити студија. 
Надградба на ХЕЦ „Шпилје “
                            
                              - Изработен  е нацртот  на физибилити студијата; 
- Изработен  е елаборат за оценка на влијанието врз животната средина; 
- Доставена  е конечна верзија на физибилити студија на англиски и на македонски јазик. 
Искористување на водите од ХЕЦ „Равен“ до акумулација „Козјак “
                            
                              - Започната е изработка  на техничка информација за проект за оптимално искористување на водите од ХЕЦ „Равен“  до акумулација„ Козјак“;
- Оставарена е комуникација  со КФВ банката (KfW) за можноста за  финансирање на проектот.
ХЕЦ „Глобочица 2 “
                            
                              - Изработена е техничка  информација за проектот ХЕЦ „Глобочица 2“;
- Изработена е нацрт-верзија  на анализата за оптимизација на ХЕС „Црн Дрим“
Сеизмички мониторинг и сеизмичка активност на локации на постојни и  идни брани
                            
                              - ЛОТ 1: сеизмички мониторинг на постојните  брани и локациите за новите брани во АД ЕЛЕМ;
- ЛОТ 2: сеизмичка активност - индуцирана  сеизмичност на браните „Козјак“, „Света Петка“ и локацијата Белица;
- Водење на  работите за сеизмички мониторинг – одржување и сервисирање на инструменти за  регистрација на силни земјотреси се инсталирани на браните: „Маврово“, „Шпилје“,  „Глобочица“, „Тиквеш“, „Козјак“ и „Света Петка“, и на локации за идните брани: „Велес“,  „Чебрен“, „Криволак“ и „Градец“; 
- Водење на  работите за сеизмичка  активност - индуцирана сеизмичност на браните  - „Козјак“, „Света Петка“ и локацијата Белица; 
- Усогласување на  потребна техничка документација со Сектор за комерција за објавување на ЈН.
Консултантски услуги од областите кои се  однесуваат на тековното и инвестициско  работење на АД ЕЛЕМ 
                            
                              - Склучени  се договори за консултантски услуги со следниве институции: Градежен факултет,  Скопје, Машински факултет, Скопје, ФЕИТ, Скопје и ФПТН Штип за давање  консултантски услуги од областите кои се однесуваат на тековното и инвестициско  работење на 
 АД ЕЛЕМ. Реализација на договорите е за период 05.11.2013 – 05.11.2016 година.
- Учество во  работно тело за спроведување на договорите.
Извршени се  консултантски (стручни) услуги коишто всушност се однесуваат на давање соодветни  мислења за сите фази од карактеристични области: градежништво, машинство,  електротехничките и информационите технологии и рударство. Во таа насока изработени  се проектни задачи, проектни програми, извештаи, програми за истражувања,  ревизии на елаборати, теренски мерења, лабораториски испитувања и други услуги во  согласност со обврските од договорите.