АД Електрани на Македонија - Скопје е формирано со Одлука на Владата на Република Македонија број 19-2626/1 од 30.6.2005 година со реструктуирање на Електростопанство на Македонија, акционерско друштво за производство, дистрибуција и снабдување со електрична енергија во државна сопственост, Скопје со издвојување и основање на ново друштво за производство на електрична енергија.
Друштвото се запиша во трговскиот регистар во Основниот суд Скопје 1 Скопје, под Т.рег.бр.5020/05 од 9.9.2005 година.
Друштвото работи и учествува во правниот промет под фирма: Акционерско друштво за производство на електична енергија, Електрани на Македонија, во државна сопственост, Скопје. Во правниот промет Друштвото употребува и скратена ознака на фирмата која гласи: А.Д. Електрани на Македонија во државна сопственост, Скопје.
Друштвото има скратено име АД ЕЛЕМ- Скопје.
Седиштето на Друштвото е во Скопје, на улица 11 Октомври бр.9.
Основна дејност на Друштвото е производство на електрична енергија и е дејност од јавен интерес. Со одлука број 02-1391/1 од 18.11.2005 година АД ЕЛЕМ доби лиценца за вршење на енергетска дејност производство на електрична енергија. Временскиот период на важење на лиценцата е 35 години и е со важност до 1 ноември 2040 година.
На 20 март 2006 година, со Одлука број 02-410 од Регулаторна комисија за Енергетика на Република Македонија, АД ЕЛЕМ доби лиценца за Подружница Енергетика-Скопје за вршење на енергетска дејност и тоа :
На 22 декември 2008 година, со Одлука број 02-2187/1 и Одлука број 02-2188/1 од Регулаторна комисија за енергетика на Република Македонија, АД ЕЛЕМ доби лиценца за подружница Енергетика-Скопје за вршење на енергетска дејност и тоа :
Подружниците на Друштвото се организирани со акт на Управен одбор, по претходно одобрение на Надзорниот одбор.
Дејан Бошковски, Претседател на УО и генерален директор
Фатмир Лимани, заменик на генералниот директор
Славица Бесова, директор за финансии
Димитар Танурков , директор за производство
Коста Папастеревски , директор за комерцијални работи
Jасна Иванова Давидовиќ ,директор за развој и инвестиции
Билјана Василева , директор за правни и општи работи
Сефедин Халити
Лазо Матовски
Наташа Крстевска
Донка Марковска
Светлана Биловска
Основната главнина на Друштвото изнесува 31.738.878.000,00 денари (триесет и една милијарда седумсто триесет и осум милиони осумстотини седумдесет и осум илјади денари) или 517.818.006,800 ЕУР според средниот курс на Народна банка на Р.Македонија објавен еден ден пред усвојување на Статутот. Основната главнина на Друштвото е поделена на 31.738.878 обични акции што гласат на име, со номинална вредност од 1.000 денари (илјада) денари по акција
Наша работна филозофија е дека производството од домашни извори е најисплатливо и долгорочно прифатливо за Македонија. Енергијата на нашата земја, за нашата иднина. Имаме јасна и цврста насока-одржување и модернизација на постојните капацитети и развивање нови начини за добивање електрична енергија.
Вложуваме во доистражување на домашните ресурси на јаглен,инвестираме во обновливи извори и развиваме стратегија за искористување на енергијата на ветер.Создаваме услови за да обезбедиме квалитетни и лесно достапни услуги за нашите клиенти.
Насочени сме кон унапредување на потенцијалот на луѓето и технологијата. Позицијата што ја имаме на пазарот со електрична енергија не обврзува да продолжиме со нашата мисија.
Ние сме одговорна компанија,препознатлив партнер меѓу домашните и меѓународните институции. Нашата визија е јасна, едноставна и реaлно определена.Работиме вредно за да им се придружиме на современите и технолошки напредни земји. Активно се залагаме за целосна либерализација и за отворање на пазарот на електрична енергија за сите потрошувачи.
Се ангажираме и за формирање берза на електрична енергија и за привлекување странски и домашни инвеститори. На тој начин ќе обезбедиме средства за инвестиции во енергетиката,со што директно ќе придонесеме за развој на домашната економија.