Термоелектричните централи се приоритетни во електроенергетскиот систем на Македонија. Тие покриваат 81% од производството на електрична енергија во АД ЕЛЕМ. Најголем термо-капацитет е РЕК Битола со своите три блока Битола 1, 2 и 3, со нето просечно годишно производство од 4.400 GWh. Јагленот е основно гориво во РЕК Битола. Во составот на термо системот во Република Македонија припаѓа и РЕК Осломеј со инсталирана моќност на блокот од 125 MW и просечно годишно нето производство од 500 GWh. Јагленот е основно гориво и во РЕК Осломеј.
Термоелектрани | Инсталирана моќност |
Нето производство |
Година на пуштање |
Работни часови |
Основно гориво |
Енергетска вредност на гориво |
---|---|---|---|---|---|---|
Битола 1 |
233 |
1.245,7 |
1982 |
|
Јаглен |
6605 |
Битола 2 |
233 |
1.009,9 |
1984 |
6207:35:00 |
Јаглен |
6605 |
Битола 3 |
233 |
1.317,1 |
1988 |
7621:31:00 |
Јаглен |
6605 |
Осломеј |
125 |
170,0 |
1980 |
|
Јаглен |
6036 |
|
|
|
|
|
|
|
ВКУПНО |
824 |
3.742,6 |
|
|
|
|
Вкупната инсталирана моќност на хидрокапацитетите изнесува 547 MW, односно 40% од вкупните капацитети на АД ЕЛЕМ. Во АД ЕЛЕМ постојат осум хидроелектрични централи, од кои две проточни, Равен и Врбен и шест акумулациони, Вруток, Шпилје, Глобочица, Тиквеш, Козјак и Света Петка.
Од вкупното производство на електрична енергија во АД ЕЛЕМ, од хидропроизводство се обезбедува околу 18%, и тоа пред се’ за задоволување на дневните варијации на потрошувачката на електрична енергија и за обезбедување на системските услуги за регулација со што се постигнува поголема флексибилност и распoложивост на електроенергетскиот систем.
Хидроелектрани | Број на агрегати |
Инсталирана моќност |
Нето производство |
Година на пуштање |
Тип на електрана |
---|---|---|---|---|---|
Вруток |
4 |
159 |
234,2 |
1957/1973 |
Акумулациона |
Равен |
3 |
19,2 |
26,5 |
1959/1973 |
Проточна |
Врбен |
2 |
12,8 |
26,3 |
1959 |
Проточна |
Шпилје |
3 |
84 |
393,3 |
1969 |
Акумулациона |
Гловочица |
2 |
42 |
247,6 |
1965 |
Акумулациона |
Тиквеш |
4 |
114 |
211,0 |
1968/1981 |
Акумулациона |
Козјак |
2 |
80 |
184,0 |
2004 |
Акумулациона |
Света Петка |
2 |
36 |
39,6 |
2012 |
Акумулациона |
ВКУПНО |
22 |
547 |
1.362,5 |
|
|