Човечки ресурси

Човечки ресурси

Секторот за правни и општи работи во Дирекцијата на АД ЕЛЕМ- Скопје работите ги извршува преку Одделот за нормативни работи и органи на Друштвото, Одделот за човечки ресурси, Одделот за правни  работи, Службата за општи работи,  координаторот  за заштита при работа и заштита на животната средина, координаторот за одбрана, заштита, спасување и кризи, и Секторите и Службите за правни и општи работи во подружниците на АД ЕЛЕМ – Скопје.

Секторот за правни и општи работи во текот на 2013 година подготви материјали и организираше 44 состаноци на Управниот Одбор на АД ЕЛЕМ- Скопје.

Управниот одбор на АД ЕЛЕМ- Скопје одлучуваше за многу прашања и донесе голем број акти  меѓу кои позначајни се:
 

  • Одлука за склучување Анекс бр.2 на Договор за регулирање на обврска за плаќање според судско порамнување со отстапување на побарување бр.02-1831/1 од 29.03.2011 год.
  • Извештај на Централната пописна комисија за извршен попис на имотот на  АД ЕЛЕМ-Скопје за 2012 година
  • Информација за ревитализација и модернизација на ТЕ Битола со намалување на NOх на блок 1.
  • Информација за набавка на дополнителна опрема на ПК Подинска јагленова серија – Суводол.
  • Анекс бр.2 на Договорот  бр.02-2237/1 од 30.04.2010 година помеѓу АД ЕЛЕМ-Скопје и Thyssent Krupp  Fordertechnic GmbH-Essen, Германија за набавка, монтажа и пуштање во работа на Главен транспортен систем за јаглен од ПК Брод-Гнеотино до ПК Суводол.
  • Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за внатрешна организација.
  • Одлука за прифаќање Информација за  реализација на Анекс Договор за финансирање и изградба на ХЕЦ Св.Петка.
  • Разгледување Анекс бр.1 на Договорот за купопродажба на електрична енергија за потребите на снабдувачот со електрична енергија на тарифните потрошувачи.
  • Одлука за склучување Договор за отстапување на побарување помеѓу АД ЕЛЕМ-Скопје и ЕВН Македонија-Скопје
  • Одлука за усвојување на Финансиски извештај од работењето на АД ЕЛЕМ за период од 01.01.2011 до 31.12.2012 година.
  • Одлука за усвојување Годишна сметка за период од 01.01 до 31.12.2012 година на АД ЕЛЕМ-Скопје.
  • Предлог-одлука за распределба на добивката по Годишната сметка за 2012 година на АД ЕЛЕМ-Скопје.
  • Одлука за утврдување на критериуми за раскинување на Договори за вработување со склучување писмена спогодба.
  • Информација  за работењето на производствените капацитети на АД Електрани на Македонија, во државна сопственост, Скопје.
  • Правила за продажба на вишоци на електрична енергија и моќност.
  • Извештај за реализација на Годишната инвестициска програма за 2012 година.
  • Информација за реализација на големи проекти на АД ЕЛЕМ-Скопје.
  • Годишен извештај за призводство, реализирана набавка за потребите на тарифните потрошувачи и продажба на вишоци на електрична енергија на АД Електрани на Македонија, во државна сопственост, Скопје  за 2012 година.
  • Информација за  извршена  аукција на вишоци на  електрична енергија на АД ЕЛЕМ-Скопје.
  • Одлука за отпочнување постапка за задолжување со државна гаранција за проектот "Зголемување на моќноста ХЕ Шпилје (ХЕ Шпилје II)".
  • Одлука за отпочнување постапка за задолжување со државна гаранција за Проектот Парк на ветерни електрани – Богданци.
  • Годишен извештај за ремонтни активности на производствените капацитети на АД ЕЛЕМ-Скопје за 2012 година.
  • План за годишни ремонтни активности на производствените капацитети на  АД ЕЛЕМ-Скопје  за 2013 година.
  • Информација за Консолидиран финансиски извештај за 2012 година на АД ЕЛЕМ-Скопје со ДООЕЛ-ите.
  • Оддлука за усвојување Консолидираните финансиски извештаи на АД ЕЛЕМ-Скопје за период од 01.01 до 31.12.2012 година.
  • Разгледување на Конечен извештај за извршена ревизија на усогласеност на начинот и постапките за доделување на Договор за јавни набавки кои имаат реализација во 2011 година во АД ЕЛЕМ-Скопје изготвен од Државен завод за  ревизија.
  • Годишен извештај за работењето на Секторот за комерцијални работи за 2012 година.
  • Годишен извештај за работењето на Секторот за правни и општи работи на АД ЕЛЕМ – Скопје  за 2012 година.
  • Информација за состојбата на Брод-Гнеотино по раеализацијата на Договорот помеѓу АД ЕЛЕМ-Скопје и ThyssenKrupp Forderteshnic GmbH-essen,  Германија.
  • Предлог- одлука за избор на овластен ревизор за ревизија на Годишната сметка и финансиските извештаи на АД ЕЛЕМ- Скопје за 2012 и 2013 година.
  • Одлука за одобрување  на финансиски средства за доброволен престанок на работен однос  на работници во АД ЕЛЕМ-Скопје по Отворен интерен оглас бр.02-1206/1 од 05.03.2013 година.
  • Одлука за отпочнување на постапка за склучување на Меморандуми за соработка со Универзитет „Св.Кирил и Методиј„ Машински факултет-Скопје и Универзитет „Гоце Делчев“, Факултет за природни и технички науки-Штип.
  • Барање за утврдување на регулиран максимален приход и цена на електрична енергија на АД ЕЛЕМ-Скопје.
  • Барање за одобрување на регулиран максимален приход и цена за вршење нарегулирана енергетска дејност снабдување со електрична енергија на тарифни потрошувачи за АД ЕЛЕМ-Скопје Подружница Енергетика- Скопје за 2013 година.
  • Барање за одобрување на регулиран максимален приход и цена за 2013 година за вршење на енергетска дејност  управување со систем  за дистрибуција на електрична енергија.
  • Финансиски извештај за работењето на АД ЕЛЕМ-Скопје  за период од I-III месец 2013 година.
  • Предлог за мрежни правила за дистрибуција на електрична енергија.
  • Одлука за изменување и дополнување на Годишен План за јавни набавки за 2013 година.
  • Одлука за отпочнување на постапка за задолжување со државна гаранција за проектот Топлификација на Битола, Могила и Новаци- прва фаза.
  • Извештај за проект "Ревитализација и модернизација на ТЕ Битола" со намалување на NOx на блок 1.
  • Барање за одобрување на регулиран максимален приход за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска  енергија  на АД ЕЛЕМ-Скопје.
  • Годишен извештај за остварените резултати од работењето АД ЕЛЕМ-Скопје за 2012 година.
  • Одлука за склучување договор за техничка подршка со ТЕ – ТО АД Скопје
  • Одлука за склучување договор за реконструкција и доградба на фасада за управна зграда АД ЕЛЕМ- Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје
  • Одлука  за склучување договор за заем со Кредитна банка за обнова (КФВ)
  • Одлука за усвојување Извештај од разгледување на добиени понуди за проект „Топлификација на Битола, Могила  и Новаци-прва фаза“.
  • Финансиски извештај за работењето на АД ЕЛЕМ-Скопје за период  од 01.01 – 30.06. 2013 година.
  • Барање од ЕЛЕМ- ТУРС ДООЕЛ Скопје за спроведување на постапка за јавна набавка  за опрема во ски-центрите на Попова Шапка и Копанки.
  • Одлука за склучување на Договор за обезбедување на државна гаранција.
  • Одлука за усвојување на Ревизорски извештај за 2012 година.
  • Извештај на независните ревизори Грант Торнтон за извршена ревизија на  Консолидираниот финансиски извештај на АД ЕЛЕМ-Скопје за 2012 година.
    • Одлука  за прифаќње Барање бр.08-4791/2 од 26.09.2013 година и склучување на Анекс бр.3 помеѓу АД ЕЛЕМ-Скопје и Babcock Borsig Steinmuller GmbH Germany
  • Консолидиран финансиски извештај за 2012 година на АД ЕЛЕМ-Скопје на  независните ревизори.
  • Одлука за усвојување Информација за реализација на проектот ХЕ Бошков Мост со осврт на понудите за градежни работи (лот cw1   и лот  cw2).
  • Одлука за усвојување на предлог-план бр. 09-4986/1 од 07.10.2013 година за производство за задоволување на потребите на електрична енергија на АД ЕЛЕМ- Скопје за 2014 година.
  • Одлука за склучување Анекс бр.6 на Договор за обезбедување на резерва на моќност и купопродажба на електрична енергија бр.08-5784/2 од 25.12.2008 година.
  • Одлука за вршење на редовен попис на средства,  побарувања и обврски на АД Електрани на Македонија, во државна сопственост, Скопје за 2013 година и формирање на Централна пописна комисија.
  • Финансиски извештај за работењето на АД ЕЛЕМ-Скопје за период од  01.07 до 30.09.2013 година.
  • Одлука за склучување на Договор за заем со Deutsche Bank AG.
  • Одлука за донесување  на Годишна Инвестициона програма  на АД Електрани на Македонија, во државна сопственост, Скопје за 2014 година.
  • Одлука за донесување Финансиски план  на  АД ЕЛЕМ – Скопје за 2014 година.
  • Одлука за донесување Годишен план за јавни набавки на АД ЕЛЕМ - Скопје за 2014 година.
  • Одлука за прифаќање  предлог-протокол за регулирање на мерењето на активираната електрична енергија од системските услуги меѓу АД ЕЛЕМ-Скопје и АД МЕПСО-Скопје.
  • Одлука за прифаќање Протокол  за уредување на начинот на решавање на спорните прашања меѓу АД ЕЛЕМ и ЕВН Македонија за испорачана/преземена електрична енергија од МХЕ Селечка река за период од февруари 2013 до октомври 2013 година и тековно.
  • Одлука за отпочнување постапка за јавна набавка  за избор на проектантска фирма за изградба на ски-патека Водно.
  • Одлука за отпочнување постапка за јавна набавка за избор на изведувач за реконструкција на игралиште за ракомет во Струга.
  • Одлуки за прифаќање месечните  извештаи  за производство на електрична енергија како и други извештаи од работата на Секторите на Друштвото.

Секторот за правни и општи работи во текот на 2013 година спроведе постапка за доброволно престанување на  работниот однос  на работниците  во Дирекцијата и во подружниците на АД ЕЛЕМ, согласно Колективниот договор на АД ЕЛЕМ, со склучување на писмени спогодби за откажување на договорите за вработување на работниците. По овој основ  престана работниот однос на вкупно 106 работници, од кои 87 од  РЕК Битола, 8 од РЕК Осломеј, 6 од ХЕС Маврово,  1 од ХЕЦ Тиквеш, 2 од ХЕС Црн Дрим  и 2 од Дирекција.
Вкупниот број на вработени во АД ЕЛЕМ- Скопје заклучно со 31.12.2013 година  изнесува 4.682 работници на неопределено време и 531 работници преку Агенција за привремени вработувања.

Според степенот на стручна подготовка најголем број вработени 1.881 или 40,18% се со IV степен средно училиште; 1.199 вработени или 25,61% се со III степен средно училиште во занимање; 532 вработени или 11,36% се ПК работници со II степен; 468 вработени или 10 % се со VII степен или високо образование; 280 вработени или 5,98 % се со I степен неквалификувани вработени; 141 вработени или 3,01% се со VI степен вишо образование; 123 вработени или 2,63% се со V степен високо квалификувани вработени; 53 вработени или 1,13% се со VII/2 степен магистри и 5 вработени или 0,11% се со VIII степен доктори на науки.  Табеларен преглед е прикажан во Прилог 1.

Според возраста најголем број вработени 1.980 или 42,29 % се на возраст од  46-55 години; 1.037 вработени или 22,15 %  се на возраст од 36-45 години; на возраст од 56-63 години има 1028 вработени или 21,96%; на возраст од 26-35 години има 550 вработени или 11,75 %; на возраст до 25 години има 62 вработен или 1,32 % и на возраст од 64-65 години има 25 вработен или 0,53%. Табеларен преглед е прикажан во Прилог 2.


Од  податоците се гледа дека речиси половина од вкупниот број вработени се на возраст помеѓу 46 и 55 годишна возраст, поради што се предвидени средства во Финансискиот план за спроведување Програма за доброволно престанување на работен однос на повозрасните работници кои од најразлични причини не можат ефикасно да ги извршуваат работните задачи, а на нивно место да се примат млади стручни  кадри, со што старосната структура на работниците во Друштвото ќе се намали.

Според половата структура во АД ЕЛЕМ-Скопје  има 4.066 мажи или 86,84% и 616 жени или 13,16%. Табеларен преглед е прикажан во Прилог 2.

Бројот на работниците во Дирекцијата и Подружниците на  АД ЕЛЕМ- Скопје, со состојба од декември 2013 година е следна: подружница ХЕС Маврово-Гостивар-369 вработени, подружница ХЕС Црн Дрим-Струга-202 вработени, подружница ХЕЦ Тиквеш-Кавадарци-90 вработени, подружница ХЕС Треска-Скопје-98 вработени, подружница РЕК Битола-Новаци-2.841 вработени, подружница РЕК Осломеј-Осломеј-783 вработени, подружница Енергетика-Скопје-141 вработени и Дирекција-Скопје-158 вработени.

 

Copyright © 2014 А.Д ЕЛЕМ. Сите права се заштитени.