Обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност

Обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност

Парк на ветерни електрани „Богданци“
  • Изработен е елаборат за заштита на животната средина за објект конективен 110 kV далновод ТС 20/110 kV ПВЕ Богданци - ТС 110/35 kV Валандово и добиено е решение од МЖСПП.
  • Извршена пренамена - од земјоделско во градежно земјиште и извршена е експропријација на земјиште за изведба на пристапен пат.
  • Изработен е и одобрен инфраструктурен проект за пристапни патишта.
  • Изработен е и одобрен инфраструктурен проект за 110 kV ДВ.
  • ЛОТ1 - завршен е приемот  на опрема во фабрика. Обезбедена е дозвола за изградба на ПВЕ Богданци од Општина Богданци(септември 2013). Изведувачот  заврши со градежни активности на темелите  и со монтажа на 16 турбини.
  • ЛОТ2 - обезбедени се дозволи за изградба на главен пристапен пат,  внатрешни патишта и трафостаница. Завршени се интерни тестирање на опрема во ТС, а подготовките за примопредавање се во завршна фаза.
  • ЛОТ3 - обезбедена е дозвола за градба. Завршени се градежни работи и монтажа на дел од опремата.
  • ПВЕ Богданци доби привремен статус повластен производител од РКЕ  во септември 2013 година.
  • Потпишан е договор за приклучок на преносна мрежа со МЕПСО.

 

Имплементација на софтвер за деловно работење

Со втората фаза на имплеменатција во 2013 година реализирани се следните активности:

  • ХЕРМЕС (HeRMeS) системот по делови:
    • Човечки ресурси – целосно имплементиран,
    • Пресметка на плата – пресметката на плата целосно се работи на ХЕРМЕС (HeRMeS) програмски пакет, а стариот систем служи за контрола на излезните податоци и корекција на грешки,
    • Работа со распореди и смени – од април 2013 година се работи на паралелен внес на податоците (и во модул смени и дирекно во пресметка на плата) и тестирање на плата со внесените податоци во модулот смени.
  • ДМС(DMS) (Document Management System):
    • Потребни се одредени измени во каптива(captiva) модулот во делот на скенирање на влезна документација,
    • Со целосно отпочнување на работа на САП (SAP) и ХЕРМЕС (HeRMeS) системот ќе се провери интеграцијата на системите и работата со бар(BAR) кодовите.
  • САП(SAP) систем:
    • ФИ (FI) – прочистување на забелешки и парцијално решавање на одредени отворени прашања. Останува да се тестира електронското банкарство и извештаите, обука на КУ(KU), подготовка на мастер (MASTER) податоци за миграција – снабдувачи,
    • АМ(AM) – функционално средување на модулот и дефинирање на локации за основните средства, обука на КУ(KU), подготовка на мастер (MASTER) податоци за миграција,
    • ИМ(IM) – дефинирање на работна процедура (workflow) за одобрување на инвестиции, обука на КУ(KU), припрема на мастер(MASTER) податоци за миграција,
    • ММ(MM) – дефинирање на процесот на јавна набавка и планот за јавна набавка, дефинирање на работна процедура (workflow) за одобрување на нарачки и ф-ри, обука на КУ(KU) и ЕУ( EU),
    • ВМ(WM)– дефинирање на процесите на :
      • доработка,
      • поправка,
      • обука наКУ( KU) и ЕУ (EU), подготовка  на мастер(MASTER) податоци за миграција,
    • СД(SD) – разрешување на отворените прашања (билинг, камата, изглед на ф-ри, итн.), обука наКУ( KU) и ЕУ(EU), подготовка на мастер (MASTER) податоци за миграција,
    • ЦО(CO) – завршено е поставувањето на системот согласно барањата на АД ЕЛЕМ, обука на КУ(KU),
    • ПМ(PM) – поставен е системот во делот на одржувањето согласно барањата на АД ЕЛЕМ, обука на КУ( KU) и ЕУ(EU), подготовка на мал дел на податоци за редовно одржување и ремонти,
    • БВ(BW) – се чекаат реални податоци во системот за да можат да се оформат и да се тестираат извештаите.

 

Официјално почнување со употреба на системот e закажан за 1.1.2014

Имплементација на систем за управување со квалитет според ИСО 9001:2008 за потребите на АД ЕЛЕМ
  • Подготовки за ресертификација (определени се одговорни лица за секоја од процедурите) и извршена е ревизија на процедурите.
  • Извршена е интерна проверка во април 2013 година.
  • Извршена е ресертификација на системот во мај 2013 година.
Имплементација на систем за заштита на животна средина                        ИСО 14001 за потребите на АД ЕЛЕМ
  • Извршена е интерна проверка во мај 2013 година.
  • Извршена е екстерна проверка во јуни 2013 година.
Имплементација на систем за безбедност и здравје при работа ИСО 18001 на АД ЕЛЕМ
  • Избран е консултант за имплементација на ИСО 18001 на АД ЕЛЕМ, систем за безбедност и здравје при работа и започната е имплементацијата.
Деловна зграда АД ЕЛЕМ,  ул. Македонија бб  КО Центар
  • Учество во техничка евалуација на понуди за надзор во текот на изградбата на административна зграда на АД ЕЛЕМ.
  • Учество во комисија за техничка поддршка на проектот „Нова деловна зграда на АД ЕЛЕМ“

 

 

 

Copyright © 2014 А.Д ЕЛЕМ. Сите права се заштитени.