Термоелектрични централи

Ревитализација и модернизација на ТЕЦ Битола

Проектот опфаќа три фази  и тоа:

  • Ревитализација и модернизација на турбини, генератори и автоматизација во ТЕЦ Битола – целосно заврши во 2012 година
  • Ревитализација и модернизација на котлите и намалување на  NOx  во ТЕЦ Битола и модернизација на ладилните кули
  • Ревитализација и модернизација на ТЕЦ Битола со намалување на  SОx и прашина
    • Ревитализација и модернизација на котлите и намалување на  NOx  во ТЕЦ Битола и модернизација на ладилните кули

За  проектот „Ревитализација и модернизација на ТЕЦ Битола со намалување на  NOx“ се потпиша Договор за модернизација на котлите и намалување на NOx, склучен со Бабкок Борсиг, на 16.12.2011. Со овој проект се очекува:

  • Продолжување на животниот век на котлите за најмалку уште 120.000 часови;
  • Зголемување на ефикасноста на котлите и
  • Намалување на емисијата на NOx

Ревитализацијата и модернизацијата на ТЕЦ Битола со намалување на NOx  на блок 3, блок 2 и блок 1 се планираше да се реализира во период 2012-2014 година. Во периодот август-ноември 2012 година успешно беше ревитализиран и модернизиран котелот на блок 3. Зафатите на котелот на блок 2 се реализираа во периодот јули-октомври 2013 година, додека на блок 1 ќе се работи во 2015 година.

Топлификација на Битола, Могила и Новаци – прва фаза
  • Изработена е физибилити студија од страна на фирмата Еконерг-Хрватска.
  • Формирана е работна група со членови од ТЕЦ Битола за делот вреловодна станица во ПЕ Термоелектрични централи на подружница РЕК Битола на 8.5.2013, со задолжение да ги извршува сите неопходни работи поврзани со проектирањето и изведбата на вреловодната станица во кругот на ПЕ Термоелектрични централи на подружница РЕК Битола.
  • Во делот на подготовка односно адаптација на производствените капацитети во термоелектричната централа, за одземање на пареа за потребите на вреловодната станица, склучен е договор со Силовие Машини (компанијата производител на постоечката опрема), за реконструкција на турбините во вредност од 246,154,000 денари. Работите се изведени во текот на 2012 и 2013 година. Реконструкција на турбинските блокови 2 и 3 за регулираното одземање на пареа се изведе со вградување на обвојници на новите преструјни цевководи помеѓу цилиндрите за среден и за низок притисок.
  • Формирана е работна група за реализација на целиот проект со претставници од ЕЛЕМ-Дирекција, од РЕК Битола и управителот на ЕЛЕМ Топлификација.
  • Тендерската постапказа изработка на основен проект за изградба на топлификациска мрежа и проект за инфраструктура е завршена. Потпишан е Договор со фирмата Енерго систем, ДОО Скопје. 
  • Изработена е ажурирана геодетска подлога и прелиминарен елаборат за нумерички податоци. Финалниот елаборат за нумерички податоци ќе биде изработен по усвојување на проектот за инфраструктура.
  • Побарани се понуди од меѓународните финансиски институции/странски комерцијални банки од кои до крајниот рок интерес за финансирање на проектот изразиле: Европска банка за обнова и развој, Дојче банка и КФВ -банка. Како најповолна понуда е избрана понудата на КФВ  банката со поддршка од  германската Влада.
  •  По сугестија на КФВ банката, заедно со изработувачот на основниот проект, направена е оптимизација на проектот земајќи предвид помал коефинициент на приклучување на домаќинствата и стопанските објекти, наместо 0,75 како што е во Студијата, земен е коефициент од 0,5, со што топлинскиот конзум во прва фаза е намален на 100 MW. Во втора фаза се предвидува дополнителен конзум од 100 MW, со што во крајна фаза се планира со проектот да се задоволи конзум од 200 MW.
  • Подготвен е материјал со технички и финансиски параметри на проектот и е доставен до КФВ  банката.
  • Мисијата за одобрување на финансирањето на проектот  со претставниците од КФВ  банката е реализирана.
  • Согласно Договорот за консултантски услуги, одржани се состаноци со консултантите од Машински Факултет-Скопје во врска со оптимизација на топловодот и главната опрема.

Модернизација на ТЕЦ Осломеј
  • Завршена е јавната набавка за избор на консултант за изработка на физибилити студија  и имплементација на проектот „Модернизација на ТЕЦ Осломеј“,пришто најповолна понуда достави АФ Консулт  – Швајцарија.
  • Потпишан е договорот со консултантот , и  по одржаниот првичен состанок се започнува со почетните активности за  подготовка на физибилити студијата и имплементација на проектот  „Модернизација на ТЕЦ Осломеј“. Консултантските услуги се состојат од 4 фази:
  • подготовка на физибилити студија,
  • поддршка за време на финансиски преговори,
  • фаза што ќе ги опфати набавките поврзани со проектирање и изградба на објектот и
  • имплементација на проектот.

 

 

 

Copyright © 2014 А.Д ЕЛЕМ. Сите права се заштитени.