Рудници

Површински коп Брод-Гнеотино
  • Доставен е дополнителен извештај за Хермес за животна средина - 10.4.2013 година
  • Подготвен е шестмесечен извештај за Хермес
  • Доставено е барање за задолжување до Министерството за финансии за набавка на опремата за дисконтинуиран ископ во склоп на барањето за набавка на рударската опрема за ПЈС.

 

Површински коп Подинска јагленова серија
  • Завршена е изведбата на бунарите за одводнување на ПК Подинска јагленова серија со технички прием на објектот во февруари 2013 год., а со чие завршување се заокружува еден многу важен момент од процесот на отворањето на рудникот ПЈС и овозможува понатамошна работа за откопување и експлоатација на јагленот.
  • Доставено е барање за задолжување до Министерството за финансии за набавка на дополнителна опрема за целосно отворање на Подинската јагленова серија.
  • Доставено е писмо со барање за изразување интерес за финансирање на проектот до меѓународни финансиски институции / странски комерцијални банки.

 

Јагленово лежиште Живојно
  • Завршени се деталните истражни работи од геолошки, хидрогеолошки, инженерско- геолошки и геомеханички аспект во јагленовото наоѓалиште Живојно (прва фаза).
  • Изработени се елаборатите од деталните истражни работи од геолошки, хидрогеолошки, инженерско- геолошки и геомеханички аспект.
  • Изработен е техно-економски елаборат за Живојно со прелиминарно согледување за можностите за експлоатација и користење на јагленот од Живојно како енергетско гориво.
  • Завршени се истражно - експлоатационите бунари за оценка на условите за одводнување на јагленовото наоѓалиште Живојно (како втора фаза од деталните истражни работи од геолошки, хидрогеолошки, инженерско-геолошки и геомеханички аспект во јагленовото наоѓалиште Живојно).
  • Изработен e елаборатот од истражно - експлоатационите бунари за оценка на условите за одводнување на јагленовото наоѓалиште Живојно.
  • Поништување на тендерот за избор на проектантска куќа за изработка на главен рударски проект за отворање, подготовка и експлоатација на јагленот од Живојно со јамска технологија поради несоодветност на понудите од технички аспект.

 

Заштита на животна средина – РЕК Битола
  • Подготвена е техничка документација за изработка на пречистителна станица за отпадни води
  • Изработен е План за ветро заштитен појас и план за пошумување во делот на локациите за складирање во РЕК Битола.
  • Објавување  тендер за набавка на опрема за набљудување.

 

 

 

Copyright © 2014 А.Д ЕЛЕМ. Сите права се заштитени.