Хидроелектрани
ХЕЦ Бошков Мост
- Објавен е тендер за електро и машинска опрема и доставени се понуди за опремата (17 април 2013)
- Завршена е претквалификација за ЛОТ 1 и ЛОТ 2.
- Изработени се извештаи за летен, есенски,зимски и пролетен аспект од еколошко набљудување пред изградба согласно усвоениот план за набљудување. Изработен и усвоен е финален извештај од еколошкото набљудување.
- Доставени се понуди за ЛОТ 3 во врска со електромашинска опрема.
- Изработени се урбанистички планови за с.Тресонче и с.Росоки, и завршена е постапката за СОЖС.
- Доставени се понуди за ЛОТ 1 и ЛОТ 2 во врска соградежни работи.
- Поништени се тендерите за градежни работи ЛОТ1 и ЛОТ2.
- Во тек е утврдување на финалниот извештај од еколошкото набљудување пред изградба согласно усвоениот план за набљудување.
- Во тек е постапка за одобрување на планска документација во МТВ.
- Добиена е финална студија за приклучок на ХЕЦ Бошков Мост на ЕЕС од страна на МЕПСО, врз основа на која ќе се работи тендер документацијата за ЛОТ 4 - приклучок на Елетропреносна мрежа.
- Повторно е објавен тендер за градежни работи во еден ЛОТ и тендерот е во тек.
Ревитализација на ХЕЦ - втора фаза
- Тендер ЛОТ А -изведувачот „Сисгео“ од Италија заврши со автоматизација на системот за оскултација на браната на шест брани Маврово, Тиквеш, Глобочица, Шпилје, Козјак и Света Петка. Преку системот за пренос на информации (ДТС) сите шест брани ќе бидат поврзани со центрите во Струга и во Скопје. Софтверот за ДПС – систем за обработка на податоци е во крајна фаза.
- Тендер ЛОТ Б1 за ревитализација на канал Горна Радика - цевката е положена во должина од 2660метри (100% од вкупната должина). Завршена е поправката на оштетениот канал. Поставени се лизгачките затворачии при што два ќе бидат дополнително коригирани. Завршени се деветте средни водни зафати .
- Тендер ЛОТ Б2 за ревитализација на канал Шарски Води - Бетон зврши со ревитализација на каналот на сите седум локации.
- Тендер ЛОТ Б3 за завршување на браната Леуново - Бетон заврши со заполнување и финалниот слој од асфалтот.
- Тендер ЛОТ Б4 за ревитализација на Толјански тунел - Геосонда од Белград работеше од 1 септември до 6 ноември 2013 година на инјектирање на тунелот и на челичната покривка 141 метри, плус дополнителни 44 метри. Работите се стопирани по чистењето на тунелот и полнењето со вода.
- Тендер ЛОТ B5 за инјекциона завеса во Шпилје -Страбак/ГИМ – Скопје ги заврши сите работи. Анекс на договорот е потпишан и ЕЛЕМ го издаде Сертификатот за преземање.
- Тендер ЛОТ 1 за генератори Андритц заврши со пробна работа на генераторот од единица Ц во ХЕЦ Вруток. Генератор Б започна со работа на 12 ноември 2013 година. Генератор Д е завршен и ќе биде пуштен во пробна работа на 6 јануари 20014. Започна активности за комплетирање на последниот четврти агрегат.
- Тендер ЛОТ 2 за трансформатори -Колектор Етра заврши со два регулациони трансформатори за ХЕЦ Вруток. Трансформаторите Ц и Б во ХЕЦ Вруток работат. Трансфоматор Д е монтиран на градилиште и ќе биде пуштен во погон. Трансформатор А е завршен и се наоѓа во монтажно плато во градилиштето. Три трансформатори на ХЕЦ Равен се мануелно започнати.
- Тендер ЛОТ 3 за затворачи - Литострој го поправи оштетениот топчест затворач Ц, го повтори пуштањето во погон и сега е во пробна работа. Топчестиот затворач Б е поставен, пуштањето во употреба е завршено и вентилот е во пробна работа. Топчестиот затворач Д е монтиран и започна пробна работа. Два нови воздушни вентила се поставени и два стари вентила се транспортирани до фабриката за ревитализација.
- Тендерот ЛОТ 4 за затворачи - Искра Импулс постави три нови таблести затворачи на испуст за Равен. Шест таблести затворачи на дифузор и два затворачи на испустниот тунел за ХЕЦ Вруток се ревитализирани. Испустните затворачи на ХЕЦ Равен и ХЕЦ Вруток се демонтирани и во тек е ревитализацијата. Завршени се сите сервомотори .
- Тендер ЛОТ 5 за решетки - Ерхард Мур (Erhard Muhr) заврши со поставување и пуштање во употреба на решетките и машините за чистење на градилиште на зафатот Врбен и водостанот Вруток.
Брана Луково Поле и довод на Корабски води
- Поради откажување на договорот за консултантски услуги за изработка на студија за оценка на влијание врз животна средина и социјални аспекти од страна на Поири (Poyry), на 20.3.2013 година, склучен е договор со консултантот ЈВ БРЛ инженери и ГПМ консалтинг (JV BRL Ingenierie & GPM Consulting) за изработка на студијата.
- Склучен е Договор за изработка на ревизија на проектот за брана Луково Поле со доводен канал на Корабски води и МХЕЦ Црн Камен, со консултантската компанија ГЕИНГ, на 25.3.2013 година.
- Склучен е анекс 3 кон Договорот за дополнителни геотехнички истраги со ГИМ на 29.6.2013 година.
- На 18.9.2013 година склучен е анекс кон Договорот со ЈВ БРЛ инженери и ГПМ консалтинг (JV BRL Ingenierie & GPM Consulting) за дополнителни активности за финализирање на студија за оценка на влијание врз животна средина и социјални аспекти, а поради слаба изведба на доставената верзија од Поири од (Poyry).
- Изработка на нацрт- извештај за стратегиска оцена на животна средина за УПВНМ за изградба на брана и акумулација Луково Поле, довод на Корабски води и МХЕЦ Црн Камен (согласно одлука од 167. седница на Влада на РМ, за исфрлање на зафатот Пројфел, истиот извештај треба да биде дополнително преработен).
- Склучени анекси кон Договорите за консултантски услуги за панелот на експерти за сигурност на брани.
- На барање на Светска банка доставено е писмо со барање до компанијата Милиу(Milieu) од Белгија за изготвување на независно правно мислење за проектот, и соодветно на тоа е добиена понуда од Милиу (Milieu) на 5.12.2013 година.
- Изработена и доставена проектна задача за пристапен пат до Ациона (Acciona).
- Изработена и доставена проектна задача за далноводната траса до Ациона (Acciona).
Вардарска долина
Во тек е изработка на ажурирана претфизибилити студија за проектот „Вардарска долина“ со ажурирање на цените за градежни работи, електромашинска опрема и пресметки на годишно производство, и обновување на економски податоци.
ХЕЦ Шпилје II
- Договор со КФВ банка за изработка на физибилити студија и дополнително студија за влијание врз животната средина за проектот ХЕЦ Шпилје II.
- Подготовка на проектна задача и тендерска барања за избор на консултант за изработка на физибилити студијата.
- Објавен е тендер за избор на консултант за изработка на физибилити студија со студија за влијание врз животна средина.
- Потпишан е Договор со избраниот консултант
Сеизмичко набљудување на локации на постојни и идни брани
- Водење на работите за сеизмичко набљудување – одржување и сервисирање на инструменти за регистрација на силни земјотреси се инсталирани на браните Маврово, Шпилје, Глобочица, Тиквеш и Козјак, и на локации за идните брани: Велес, Чебрен, Криволак и Градец и тоа во следниве чекори:
- склучен е договор,
- договарање со постојните ХЕЦ за функционирање на мрежата за сеизмичко набљудување на браните.
- ЛОТ1 Договорот за сезмичко набљудување– одржување и сервисирање на инструменти за регистрација на силни земјотреси се инсталирани на браните: Маврово, Шпилје, Глобочица, Тиквеш и Козјак и на локации за идните брани Велес, Чебрен, Криволак и Градец важи од 1.1.2012 година до 31.12.2014 година.
- ЛОТ2 Договорот за сеизмичко набљудување за следење на сеизмичка активност – индуцирана сеизмичност на браните Козјак, и Света Петка и локацијата Белица вази од 1.1.2012 година до 31.12.2014 година.
Консултантски услуги од градежна проблематика
- Склучен е Рамковен договор со Градежен факултет, Скопје за давање услуги од градежна проблематика за објектите во склоп на ХЕЦ Маврово, ХЕЦ Глобочица, ХЕЦ Тиквеш, ХЕЦ Шпилје, ХЕЦ Козјак и брана Суводол и со придружните објекти и околниот терен, сопственост на АД ЕЛЕМ. Реализација на договорот за период 18.2.2010 – 18.2.2013 година.
- Изработени се: прегледи, проектни задачи, проектни програми, извештаи и програми за истражувања (геотехнички и бетонски).
- Склучен е Рамковен договор за услуги за изработка на проектна документација и ревизија од градежна област и ревизија на проектна документација од градежна област за објекти од I – ва до V – та категорија, сопственост на АД ЕЛЕМ со 7 (седум) компании. Реализација на договорот е предвидена за период 13.01.2011 – 13.01.2014 година.
- Изработена е проектна документација и ревизија на проектната документација согласно договорот.