За АД ЕЛЕМ

Основање и регистрација на АД Електрани на Македонија

АД Електрани на Македонија - Скопје е формирано со Одлука на Владата на Република Македонија број 19-2626/1 од 30.6.2005 година со реструктуирање на Електростопанство на Македонија, акционерско друштво за производство, дистрибуција и снабдување со електрична енергија во државна сопственост, Скопје со издвојување и основање на ново друштво за производство на електрична енергија.
Друштвото се запиша во трговскиот регистар во Основниот суд Скопје 1 Скопје, под Т.рег.бр.5020/05 од 9.9.2005 година.
Друштвото работи и учествува во правниот промет под фирма: Акционерско друштво за производство на електрична енергија, Електрани на Македонија, во државна сопственост, Скопје. Во правниот промет Друштвото употребува и скратена ознака на фирмата која гласи: А.Д. Електрани на Македонија во државна сопственост, Скопје.
Друштвото има скратено име АД ЕЛЕМ- Скопје.
Седиштето на Друштвото е во Скопје, на улица 11 Октомври бр.9.

 

Дејност на Друштвото

Основна дејност на Друштвото е производство на електрична енергија и е дејност од јавен интерес. Со одлука број 02-1391/1 од 18.11.2005 година АД ЕЛЕМ доби лиценца за вршење на енергетска дејност производство на електрична енергија. Временскиот период на важење на лиценцата е 35 години и е со важност до 1 ноември 2040 година.
На 20 март 2006 година, со Одлука број 02-410 од Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија, АД ЕЛЕМ доби лиценца за подружница Енергетика-Скопје за вршење на енергетска дејност и тоа :

  • производство на топлинска енергија,
  • дистрибуција на топлинска енергија и
  • снабдување со топлинска енергија.

На 22 декември 2008 година, со Одлука број 02-2187/1 и Одлука број 02-2188/1 од Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија, АД ЕЛЕМ доби лиценца за подружница Енергетика-Скопје за вршење на енергетска дејност и тоа :

  • дистрибуција на електрична енергија и
  • снабдување со електрична енергија

 

Организациска поставеност

Членови на Управен одбор во 2014 година:


Членови на Надзорен одбор во 2014 година:
  • Наташа Радеска-Крстевска – до 30.01.2014
  • Спиро Мавровски – до 30.01.2014
  • Лазо Матовски- до 21.10.2014
  • Светлана Биловска
  • Донка Марковска
  • Сефедин Халити
  • Ристо Ачкоски
  • Дончо Коевски
  • Климент Наумоски
  • Ивана Николиќ

Организациски делови на Друштвото се Дирекција и подружници.

Производствени подружници:
  • ХЕС Маврово-Гостивар
  • ХЕС Црн Дрим - Струга
  • ХЕЦ Тиквеш - Кавадарци
  • ХЕС Треска- Скопје
  • РЕК Битола- Новаци
  • РЕК Осломеј - Осломеј
  • Енергетика- Скопје

Подружниците на Друштвото се организирани со акт на Управен одбор, по претходно одобрение на Надзорниот одбор.


Износ на основната главнина,номинална вредност на акциите и нивниот број

Основната главнина на Друштвото изнесува 31.738.878.000,00 денари (триесет и една милијарда седумсто триесет и осум милиони и осумстотини седумдесет и осум илјади денари) или 517.818.006,800 ЕУР според средниот курс на Народна банка на Р.Македонија објавен еден ден пред усвојување на Статутот.

Основната главнина на Друштвото е поделена на 31.738.878 обични акции што гласат на име, со номинална вредност од 1.000 денари (илјада) денари по акција.

Copyright © 2015 А.Д ЕЛЕМ. Сите права се заштитени.