Грижа за заедницата

ГРИЖА ЗА ЗАЕДНИЦАТА

Стипендии за студентите на ФЕИТ

Најдобрите 14. студенти од електроенергетските насоки на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), кои навреме ја завршија првата година, со просек над осум, добија стипендии од енергетските компании АД ЕЛЕМ, АД МЕПСО и ЕВН-Македонија. Месечната стипендија изнесува 6.000 денари. Поддршката за стипендирање на најуспешните студенти на ФЕИТ се спроведува веќе трета година по ред, и е силен стимул на идните студенти за запишување на Факултетот.
Во последните неколку години општествено-одговорните практики се составен дел од деловното работење на „Електрани на Македонија“. Помагањето и поддршката на општеството е нераскинлив дел од развојот на целокупната општествена заедница, особено со активности што директно го поттикнуваат унапредувањето на образованието и науката.
Енергетските компании со стипендирањето го регрутираат најдобриот кадар од факултетот и придонесувaат за поддршка на образовниот процес. Заложбите и кампањата на факултетот и на Владата за студирање на техничките факултети, тројно го зголемија бројот на студенти на електроенергетските насоки.

АД ЕЛЕМ ги отпиша долговите на граѓаните

АД „Електрани на Македонија“ се приклучи кон акцијата на Министерството за финансии за еднократно отпишување на долговите на граѓаните. Управниот одбор на компанијата донесе одлука за отпишување на долговите на граѓаните за искористената топлинска енергија испорачана од подружницата на АД ЕЛЕМ, „Енергетика“.
Еднократното отпишување ќе се однесува на долговите за искористена топлинска енергија заклучно со 31. декември 2013 година кои не се наплатени подолго од 12. месеци, а за кои е почната постапка за наплата. Правото на еднократно отпишување на долговите може да го остварат само граѓаните кои како должници ги исполнуваат условите од постојниот закон.
Со грижата за најранливата категорија граѓани АД ЕЛЕМ ја потврдува определбата на компанијата за општествено одговорно работење и помагање на заедницата.


 

Copyright © 2015 А.Д ЕЛЕМ. Сите права се заштитени.