Нови енергетски извори
Големи енергетски проекти
- Во текот на 2014 година се започнати студии, во кои се опфатени одредени аспекти од планирањето за изградба на нуклеарна инфраструктура во Македонија.
Изработена е студија за развој на човечки ресурси (ФЕИТ).
Започната е изработка на студија за сеизмичност на локациите Мариово и Криволак (ИЗИИС).
Започната е изработка на студија за приклучок на нуклеарна централа на преносната мрежа (МЕПСО).
- Во 2014 година МААЕ го финансира проектот МАК2006 кој има примарна цел да ги обучи македонските кадри да ја користат МААЕ методологијата за енергетско планирање на потрошувачката (конзумот) и изворите на електрична енергија во Македонија, преку МАЕД софтверот.
- Изготвување документација и аплицирање на проектот со МААЕ - Виена за техничка помош за проектниот циклус 2016/2017 година на тема: Поддршка при развој на нуклеарна енергетска програма во Р. Македонија.
- Започнување (подготовка) на програма за информирање на јавноста преку презентации, интервјуа итн.
- Учество на неколку семинари и обуки, меѓу кои:
- 1.09-12. 9.2014 година МААЕ одржа двонеделна обука во Скопје, на која што двајца експерти од МААЕ го презентираа програмскиот софтвер МАЕД за енергетско планирање. На оваа обука беа вклучени стручни лица од ЕЛЕМ, МЕПСО и МАНУ.
- 28.10-30.10.2014 година, МААЕ одржа регионална работилница на тема „Методологија за објективна оцена на потенцијалната улога на нуклеарната енергија во енергетскиот микс“-Букурешт, Романија.
- Соработка со регионалните земји - Бугарија и Словенија. Одржани се неколку состаноци со бугарски експерти на теми од нуклеарната енергетика во области во кои што може да се искористат искуствата од нивна страна, како и за заеднички проекти во иднина.