СТРУКТУРА НА АД ЕЛЕМ

Термоелектрани

Термоелектраните се приоритетни во електроенергетскиот систем на Македонија. Тие покриваат 81% од производството на електрична енергија во АД ЕЛЕМ. Најголем термо-капацитет е РЕК Битола со своите три блока Битола 1, 2 и 3, со нето просечно годишно производство од 4.400 GWh. Јагленот е основно гориво во РЕК Битола. Во составот на термо системот во Република Македонија припаѓа и РЕК Осломеј со инсталирана моќност на блокот од 125 MW и нето просечно годишно производство од 500 GWh. Јагленот е основно гориво и во РЕК Осломеј.

 

Термоелектрани

Инсталирана моќност
MW

Нето производство
GWh

Година на пуштање

Работни часови
h

Основно гориво

Енергетска вредност на гориво
kJ/kg

Битола 1

233

851,1

1982

555:06:00

Јаглен

6353

Битола 2

233

1.207,6

1984

7809:43:00

Јаглен

6353

Битола 3

233

1.258,2

1988

7657:49:00

Јаглен

6353

Осломеј

125

189,6

1980

2588:44:00

Јаглен

5925

 

 

 

 

 

 

 

ВКУПНО

824

3.506,4

 

 

 

 

 

 

Хидроелектрани

Вкупната инсталирана моќност на хидрокапацитетите изнесува 553,6 MW, односно 40% од вкупните капацитети на АД ЕЛЕМ. Во АД ЕЛЕМ постојат осум хидроелектрани, од кои две проточни, Равен и Врбен и шест акумулациони, Вруток, Шпилје, Глобочица, Тиквеш, Козјак и Света Петка. Од вкупното производство на електрична енергија во АД ЕЛЕМ, од хидропроизводство се обезбедува околу 19%, и тоа пред се за задоволување на дневните варијации на потрошувачката на електрична енергија и за обезбедување на системските услуги за регулација со што се постигнува поголема флексибилност и распoложливост на електроенергетскиот систем.

 

Хидроелектрани

Број на агрегати

Инсталирана моќност
MW

Нето производство
GWh

Работни часови
h

Година на пуштање

Тип на електрана

Вруток

1
2
3
4

41,4
41,4
41,4
41,4

325,75

2083,1
2419,6
2384,2
2376,8

1957/1973

Акумулациона

Равен

1
2
3

6,4
6,4
6,4

37,89

2805,9
2161,5
3160,7

1959/1973

Проточна

Врбен

1
2

6,4
6,4

34,40

3631,3
4707,3

1959

Проточна

Шпилје

1
2
3

28
28
28

190,26

2952,8
2916,7
2972,4

1969

Акумулациона

Гловочица

1
2

21
21

136,21

3602,8
3657,4

1965

Акумулациона

Тиквеш

1
2
3
4

28,5
28,5
28,5
28,5

116,06

1303,0
1170,0
1377,0
1423,0

1968/1981

Акумулациона

Козјак

1
2

40
40

80,43

1039,6
1246,1

2004

Акумулациона

Света Петка

1
2

18
18

37,19

1166,4
1121,4

2012

Акумулациона

ВКУПНО

44

553,6

958,19

5167,93

 

 

 

Ветерни електрани

Во февруари 2014 година заврши изградбата на паркот на ветерни електрани „Богданци“, прв ваков објект во Република Македонија, што ќе го користи ветерот како погонска сила за производство на електрична енергија. Подигнувањето и монтажата на ветерниците на локацијата Ранавец во општина Богданци заврши на 20 февруари со што и официјално е заокружена најтешката фаза од изградбата која траеше 76 дена.

Кон крајот на март 2014 година беше спроведена координирана операција на трите енергетски компании ЕЛЕМ, МЕПСО И ЕВН за приклучување на ветерниот парк на електропреносната мрежа преку трафостаницата во Валандово. Со тој зафат се создадоа потребните предуслови да започне тестирањето на комплетната опрема преку пробно производство на електрична енергија што почна на почетокот на април кога беа испорачани и првите киловат-часови кон електроенергетскиот систем на Република Македонија.

 

ВЕТРО ЕЛЕКТРИЧНИ ЦЕНТРАЛИ

Број на агрегати

Инсталирана моќност
MW

Нето производство
GWh

Година на пуштање

ПВЕ Богданци

16

36,8

70,4

2014

 

Турбините се производство на Сименс - Данска и се вбројуваат меѓу најдобрите во својата класа. Инсталираната моќност на секоја од нив е 2.3 MW, висината на столбот изнесува 80 метри, а дијаметарот на елисата изнесува 93 метри. ПВЕ „Богданци“ се очекува годишно да испорачуваат најмалку 100 GWh природно одржлива енергија. Истовремено тие ќе ја зголемат инсталирана моќност на АД ЕЛЕМ за 36,8 MW. Со овој проект ќе се зголеми и учеството на обновливите извори во АД ЕЛЕМ, што претставува уште еден показател за грижата на компанијата кон животната средина.

 

Copyright © 2015 А.Д ЕЛЕМ. Сите права се заштитени.