Термоелектрани

Ревитализација и модернизација на ТЕЦ Битола

  • Ревитализација и модернизација на котлите и намалување на  NOx  во ТЕЦ Битола и модернизација на ладилните кули.
  • Следење на финансиската реализација во согласност со договорите.
  • Ревитализација и модернизација на ТЕЦ Битола со намалување на  SОx и прашина.

Изработка на проектна задача за изработка на физибилити студија за компаративна анализа за модернизација и ревитализација на РЕК Битола- трета фаза – намалување на SOx и прашина, проширена со  влијанието на сите штетни материи што се емитираат од РЕК Битола.

Топлификација на Битола, Могила и Новаци – Прва фаза

  • Изработена е ажурирана геодетска подлога и прелиминарен елаборат за нумерички податоци. Финалниот елаборат за нумерички податоци ќе биде изработен по усвојувањето на проектот за инфраструктура.
  • По сугестија на КфВ банката заедно со изработувачот на основниот проект, направена е оптимизација на проектот земајќи во предвид помал коефициент на приклучување на домаќинствата и стопанските објекти, наместо 0,75 како што е во Студијата, земен е коефициент од 0,5, со што топлинскиот конзум во прва фаза е намален на 100 MW. Во втората фаза се предвидува дополнителен конзум од 100 MW, а  во последната фаза се планира конзум од 200 MW. Доставена е финансиска анализа до КфВ банката, врз основа на среднорочниот топлински конзум предвиден за првата фаза.
  • Изработен е елаборат за оценка на влијанието на проектот врз животната средина за транспортниот  вреловод  РЕК Битола-Битола и е одобрен од  МЖСПП
  • Изработени се елаборати за оценка, на влијанието на проектот врз животната средина и се доставени до МЖСПП
  • Во фаза на изработка е основен проект и проект за инфраструктура за транспортен вреловод и дистрибутивна мрежа.
  • Во фаза на изработка е основниот проект за примарната пумпна станица Битола.
  • Во фаза на изработка е основниот проект за локалните пумпни станици Новаци и Логоварди.
  • Согласно договорот за консултантски услуги, одржани се состаноци со консултантите од Машински факултет-Скопје околу оптимизацијата на топловодот и главната опрема.

 

Модернизација на ТЕЦ Осломеј

  • Избор на понудувач и потпишување на договор за изработка на физибилити студија  и имплементација на проектот „Модернизација на ТЕЦ Осломеј“(Најповолна понуда достави АФ Консалт (AF Consult) – Швајцарија)
  • Завршени се активностите за собирање на податоци и техничка документација.
  • Доставување на студија за снабдување со јаглен.
  • Избор и одобрување на оптимален концепт на модернизација на ТЕЦ Осломеј.
  • Доставено известување за намера за спроведување на проектот  до МЖСПП.
  • Доставена е нацрт- верзија на студијата.
  • Презентација  на консултантот пред раководните и технички лица од ТЕЦ Осломеј (24.09.2014).
  • Две презентации на консултантот пред Управниот и Надзорниот одбор на АД ЕЛЕМ
  • Во согласност со  Договорот за консултантски услуги, одржани се состаноци со консултантите од Машински факултет-Скопје и ФЕИТ .
  • Подготовка  на забелешки и коментари во однос на нацрт- верзијата на студијата и нивно доставување до консултантот.
  • Изработка на квалитативна и квантитативна анализа за снабдување на ТЕЦ Осломеј со гориво.

Оптимизација на Енергетика

  • Избор на понудувач и потпишување на договор за  изработка на елаборат-студија  за оптимизација на постројките и технолошкиот процес со АФ Консалт – Швајцарија.
  • Доставување на потребните  податоци/подлоги до консултантот неопходни за изработка на студијата за оптимизација на постројките и технолошкиот процес.
  • Доставен е нацрт- извештај со основни податоци.
  • Доставена е првична верзија на ФС.
  • Согласно Договорот за консултантски услуги, се одржани состаноци со консултантите од  Машински факултет-Скопје.

 

 

 

Copyright © 2015 А.Д ЕЛЕМ. Сите права се заштитени.