Останато
Имплементација на софтвер за деловно работење – модул ИМ/ПС (IM/PS) за инвестиции
Во 2014 година за имплементација на модулот ИМ/ПС (IM/PS) реализирани се следните активности:
- Дефинирање на workflow за одобрување на инвестиции,
- Обука на Key Users и End users,
- Во САП системот рачно се внесени инвестициските програми за сите подружници и Дирекција,
- Рачно се внесени 20 капитални и 250 мали проекти, преку барања за инвестиции,
- Извршени се подготвителни активности за модулот ИМ/ПС (IM/PS) за Golive 2015, со подготовка на податоци кои треба да останат во системот .
Имплементација на систем за заштита на животната средина ИСО 14001 за потребите на АД ЕЛЕМ
- Извршена е прва интерна проверка во сите подружници на АД ЕЛЕМ во мај 2014 година.
- Извршена е екстерна проверка во јуни 2014 година.
- Извршена е втора интерна проверка во сите подружници на АД ЕЛЕМ (со исклучок на Дирекција) во декември 2014.
- Отпочнати се активности за спроведување на процесот за ресертификација на ИСО 14001 на ниво на АД ЕЛЕМ.
Годишни инвестициски активности
- Изработен е извештај за реализација на инвестициските активности за 2013 година и доставен е на усвојување на УО.
- Изработен е годишен извештај за инвестиции во основни средства за 2013 година за Државен завод за статистика – Скопје.
- Изработени се извештаи за реализација на инвестициските активности за периодот од 1-6. 2014 г. и за периодот од 1-9. 2014 г.
- Следење на реализацијата на годишната инвестициска програма за 2014 година на АД ЕЛЕМ за сите производствени подружници и сектори во Дирекција.
- Обработени се и одобрени месечните планови со барања за отпочнување на инвестициски активности и пренамена на финансиските средства (со одлуки од УО), како и одобрување на техничките спецификации.
- Изработена е предлог годишна инвестициска програма за 2015 година и усвоена на УО.
- Доставени се податоци за план и реализација на инвестициската програма до Регулаторната комисија.
- Доставени се квартални извештаи за реализацијата на инвестициите за 2014 година до ДЗС.
Изградба на нов административен објект- „Деловна зграда АД ЕЛЕМ“ на ул. Македонија бб во Скопје
- Учество во комисија за техничка поддршка на проектот во градба.
Реконструкција и доградба на фасада на управната зграда на ЕВН Македонија и АД ЕЛЕМ
- Учество во комисија за техничка поддршка на проектот во градба.
Останати активности
- Учество во комисија за вршење интерен технички преглед на котел во подружница Енергетика.
- Учество во работна група за имплементација на капитални проекти и модернизација на објекти на ЕЛЕМ ТУРС:
- Пешачко-велосипедски патеки на езерото Козјак и во близина на населбата Близанско,
- Базени за вода за производство на вештачки снег за ски- центарот Копанки, Битола,
- Геотехнички истражни работи за хотелот „Молика“ на Пелистер и хотелот „Славија“ на Попова Шапка,
- Учество во работна група за давање предлог за санирање на извршениот ископ за резервоар за вода на Попова Шапка,
- Учество во техничка евалуација на понуди за: изградба на отворено игралиште за ракомет во Струга.
- Учество во техничка евалуација на понуди за: ангажирање на надзорен орган за
целосен увид и надзор врз:
- Организација и реализација на работите: изведба на паркинг за јавна намена и одводен канал на ски- центарот Попова Шапка,
- Организација и реализација на работите за изградба на отворено игралиште за ракомет во Струга.
- Учество во техничка евалуација на понуди за: ангажирање на надзорен орган кој ќе врши целосен увид и надзор врз организацијата и реализацијата на работите во текот на изведбата на шестоседна жичара на ски- центар Попова Шапка.
- Учество во техничка евалуација на понуди за: изработка на проектно-техничка документација за изградба на ски- центар Водно.