Рудници
Површински коп Брод-Гнеотино
- Започнати се детални геолошки и геотехнички доистражувања и испитувања за наоѓалиштето за јаглен „Брод-Гнеотино" - РЕК Битола (декември 2014 год.)
- Завршена е изработката на дополнителен рударски проект за заштита на рудникот за површинска експлоатација „Брод-Гнеотино“ од површински и подземни води во периодот 2013- 2016 г. и започната е ревизија на истиот.
Површински коп Подинска јагленова серија
- Завршена е изработката на дополнителен рударски проект за заштита на рудникот за површинска експлоатација „Подинска јагленова серија“ и рудникот „Суводол“ од површински и подземни води во периодот 2013 - 2016 г. и започната е ревизија.
- Повторно е испратено барање за изразување на интерес за финансирање на проектот (набавка на рударска опрема и одводнување) до меѓународните институции/странски комерцијални банки, и по добивањето на понудите ќе се изврши избор на најповолен кредитор.
- Започнато е со изработката на техно-економската анализа за набавка на рударска опрема (за потребите на рудниците за јаглен во РЕК Битола)
Јагленово лежиште Живојно
- Започната е постапка за јавна набавка за изработка на главен рударски проект за отворање, подготовка и експлоатација на јагленот од Живојно со јамска технологија. (изработена е техничка спецификација и е извршено истражување на пазарот)
Рудник Мариово
- Започната е постапка за изработка на проектната задача за физибилити студија за транспорт на јаглен од рудникот Мариово до РЕК Битола.
Јагленови наоѓалишта Панчерево - Беровско, Звегор - Стамер Делчевско, Лавци - Ресенско и Пискупштина – Струшко
Започнати се постапките за јавна набавка за:
- Изработка на проект за детални геолошки истражувања за Пискупштина – Струшко.
- Изведба на детални геолошки истражувања на Панчерево, Беровско.
- Изведба на детални геолошки истражувања на Звегор – Стамер, Делчевско.
- Изведба на детални геолошки истражувања на Лавци, Ресенско.
Заштита на животната средина – РЕК Битола
- Изработен е шестмесечен извештај (период април-октомври 2014 г.) за спроведени активности во доменот на заштитата на животната средина во РЕК Битола, за потребите на договорот за кредитирање за ревитализација и модернизација на РЕК Битола со Дојче банка.