ЕЛЕМ продаде нови вишоци електрична енергија за 2.079.000 евра
АД ЕЛЕМ, на 4 јули 2018, продаде вишоци електрична енергија во количина од 35.400MWh, за вкупна сума од 2. 079. 000 евра.
Просечната цена која беше постигната беше 58,73 eвра за MWh.
Продажбата беше поделена на два лота. Во првиот ЛОТ се продаваше електрична енергија за август и во овој ЛОТ беше постигната цена од 65 eвра за MWh. Во вториот ЛОТ се продаваше електрична енергија за септември и овде се постигна цена од 54,85 eвра за MWh .
Сакам да нагласам дека ова е четврта аукција за продажба на електрична енергија од почетокот на годинава. До овој момент, значи практично во првата половина на 2018-та, ЕЛЕМ продаде вкупно 205.560 MWh со вкупен приход за ЕЛЕМ од 10.799.558 евра. Што се однесува до изминатиот период – во изминатите неколку години или имаше многу малку или воопшто немаше продажба на вишоци електрична енергија од страна на ЕЛЕМ, така што ова го сметаме за значаен успех на ова раководство и значајно постигнување на компанијата и нејзиното производство.
Нашиот план и нашата цел се и натаму да продолжиме со ова темпо, и да продаваме електрична енергија и во следните месеци.
Веруваме дека сето тоа ќе придонесе за финансиските резултати на компанијата, без притоа да ги нарушуваме домашните обврски, односно производството за тарифните потрошувачи.”
Видео од обраќање на директорот за производство Благојче Трповски