Затвори
Тендери

Почетна Развој и инвестиции

ИНВЕСТИЦИСКИ ВЛОЖУВАЊА ВО 2015 ГОДИНА

  • PDF

АД „Електрани на Македонија“, во 2015 година, во целост реализира два капитални енергетски проекта со вкупна вредност од 92,1 милиони евра, и ги продолжи подготвителните активности за други значајни проекти што ќе се реализираат во наредниот период. За првпат, во Република Македонија е изграден капацитет кој го користи ветерот како погонска сила, паркот на ветерни електрани „Богданци“, а завршен е и сложениот зафат за ревитализација на хидроелектраните - втора фаза. Компанијата манифестира силна посветеност во реализација на проекти од нови обновливи извори на енергија. Истовремено, се преземаат подготвителни активности и истражни работа за изградба на нови рудници за јаглен потребни за производство на електрична енергија, а се инвестира и во нов топлификациски систем за Битола, Новаци, Логоварди и Могила.

09

Јагленово наоѓалиште Живојно
Овој проект, со вкупна проектирана вредност од 104 милиони евра, е планирано да се реализира во периодот од 2015 до 2021 година. Започната е изработката  на главниот рударски проект за отворање и експлоатација на јагленот од наоѓалиштето Живојно, а се очекува да заврши во 2017 година. Планираниот годишен капацитет во рудникот „Живојно“ ќе се користи како дополнување на вкупно потребните количини јаглен за непречено работење на трите блока во ТЕЦ Битола.

По изработката на главниот рударски проект следи постапка за отворање на рудникот, пришто се очекува целосниот капацитет да се постигне по 2020 година.

Искористување на локални наоѓалишта на јаглен во Берово (Панчерево), Делчево (Звегор-Стамер) и Ресен (Лавци)
Локалитетите Панчерево-Беровско и Звегор, Стамер - Делчевско се многу одалечени од термоелектричните централи „Осломеј“ и „Битола“, меѓутоа, имајќи го предвид фактот дека во овој дел од Македонија нема активна термоелектрична централа, сметаме дека е оправдано да се размислува за градење на нова ТЕЦ Исток.Локацијата на наоѓалиштето Лавци - Ресенско, каде што јагленот е со многу ниска содржина на сулфур, е интересна од аспект на релативно краткото растојание за транспорт до постојните ТЕЦ „Осломеј“ и ТЕЦ „Битола“.

Во 2015 година започна првата фаза од деталните геолошки истражувања во Лавци, Звегор-Стамер и Панчерево, што всушност значи изработка на елаборати и нивна ревизија. Вкупниот износ од 1.650.000,00 евра е планирано да се обезбеди од сопствени финансиски извори на АД ЕЛЕМ. Можноста за употребување на јагленот од овие наоѓалишта во постоечките ТЕЦ „Битола“ и ТЕЦ „Осломеј“, како и постоечката варијанта за изградба на една нова ТЕЦ, значително ќе ја зголеми стратегиската вредност на овие локации.

Повеќе »

ИНВЕСТИЦИСКИ ВЛОЖУВАЊА ВО 2014 ГОДИНА

  • PDF

ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ

rsz_elem_22300Во февруари 2014 година заврши изградбата на Паркот на ветерни електрани „Богданци“, прв ваков објект во Република Македонија, што ќе го користи ветерот како погонска сила за производство на електрична енергија. Подигнувањето и монтажата на ветерниците на локацијата Ранавец заврши на 20 февруари со што и официјално е заокружена најтешката фаза од изградбата која траеше 76 дена. Кон крајот на март 2014 година беше спроведена координирана операција на трите енергетски компании ЕЛЕМ , МЕПСО И ЕВН за приклучување на ветерниот парк на електропреносната мрежа преку трафостаницата во Валандово. Со тој зафат се создадоа потребните предуслови да започне тестирањето на комплетната опрема преку пробно производство на електрична енергија што почна на почетокот на април кога беа испорачани и првите киловат-часови кон електроенергетскиот систем на Република Македонија.

  • Согласно планот на активности, по пробната работа што како фаза е пропишана од производителот на опремата, новиот енергетски капацитет ќе биде ставен на располагање на електроенергетскиот систем на Република Македонија, односно ќе влезе во редовно производство.
  • Турбините,како што веќе е познато се производство на Сименс - Данска и се вбројуваат меѓу најдобрите во својата класа. Инсталираната моќност на секоја од нив е 2.3 MW, висината на столбот изнесува 80 метри, а дијаметарот на елисата изнесува 93 метри. ПВЕ „Богданци“се очекува да испорачуваат најмалку 100 GWh природно одржлива енергија, што на годишно ниво е доволно за снабдување на домаќинствата на преку 60.000 граѓани на Република Македонија. Истовремено тие ќе ја зголемат инсталирана моќност за 36,8 MW. Со овој проект ќе се зголеми и учеството на обновливите извори во портфолиото на АД ЕЛЕМ и претставува уште еден показател за грижата на компанијата кон животната средина.

ХИДРОЕЛЕКТРАНИ

На 31 јули е означен крајот на еден од најсложените технички зафати изведени во постојните енергетски хидрокпацитети во сопственост на АД ЕЛЕМ. Целосно е заокружена ревитализацијата на хидроелектраните - втора фаза и е означен нов почеток за модернизираната хидроелектрана „Вруток“. Проектот во сиот свој обем вреден 36,6 милиони евра што почна во февруари 2013 година, ќе обезбеди продолжување на животниот век на нашите големи хидроелектрани и нивните придружни градежни објекти, како и зголемување на нивната сигурност и способност. Во целиот процес целосно е завршена замената на застарената и истрошена хидро-механичка, машинска и електро опрема.

rsz_1rsz_vrutok_revit1Зголемена е и инсталираната моќност за дополнителни 18,31 МW како и годишното производство на електрична енергија за околу 50 GWh. Во периодот од февруари 2013 до јуни 2014 година етапно беа целосно ревитализирани сите четири агрегати. Инсталираната моќност на четирите агрегати е зголемена од 37,5 MW на 41,4 MW или 4 MW по агрегат. Придобивките од ревитализацијата на генераторите во ХЕ „Вруток“ се:

  • зголемување на инсталираната моќност на хидроелектраната од 150 MW на 166 MW со речиси иста потрошувачка на вода по агрегат, 
  • зголемување на нивната ефикасност, 
  • зголемување на способноста на системот, како и продолжување на работниот век за наредните три децении.
Паралелно со пуштањето во работа на четирите генератори од ХЕ „Вруток“, заменети беа и пуштени во работа четирите блок-трансформатори. И во ХЕ „Равен“ што се наоѓа во близина на „Вруток“ се заменети трите блок-трансформатори со нови 9 MVA трансформатори. Во однос на активностите поврзани со Мавровските хидроелектрани заврши надградувањето на браната Леуново, што овозможи зголемување на акумулацијата на Мавровското Езеро и можност за прифаќање дополнителни над 32 милиони кубици вода, односно дополнителни 50 гигават-часа електрична енергија.
 
Завршена е и реконструкцијата на Речкиот и Шарскиот канал, со што евентуалните загуби на вода од овие објекти се сведени на минимум. И во двата канали санирани се детектираните оштетувања и отстранети се потенцијално критичните места од евентуалното лизгање на земјиштето со што е подобрена сигурноста на каналот за наредните пет децении. Со овие зафати практично ќе се заштити локалното население од потенцијалните ризици при лизгање на земјиштето. Со проектот е изработен нов армирано-бетонски канал на најоштетените делници од доводот во вкупна должина од 510 метри, а истовремено на овие делници како и на две други, се изработени дренажи за зафаќање на подземните води кои предизвикуваа или можеа да предизвикаат свлекување на земјиштето. Извршена е и санација на Толјанскиот тунел на најкритичните делници. Со зафатот значително се зголеми сигурноста на самиот тунел, а истовремено се намалија загубите на вода низ објектот.
Во рамките на проектот инсталирана е додатна опрема, особено во делот на автоматизација на процесот на производство на електрична енергија, како и инсталација на опрема за оскултација и набљудување на состојбата, стабилноста и сигурноста на браните и нејзините придружни објекти. Ревитализирана е инјекционата завеса на браната на ХЕЦ „Шпилје“, а заврши и монтирањето на новата опрема за мониторинг на браните „Маврово“, „Глобочица“, „Шпилје“, „Тиквеш, “ „Козјак“ и „Св.Петка“.

ИНВЕСТИЦИСКИ ВЛОЖУВАЊА ВО 2013 ГОДИНА

  • PDF

АД „Електрани на Македонија“ во текот на 2013 година го продолжи трендот на инвестирање во значајни проекти за подобрување и за модернизација на постоечките капацитети, како и изградба на нови. Вкупната сума на инвестирани средства, како за реализираните така и за започнатите проекти, изнесува над 170 милиони евра. 

ТЕРМОЕЛЕКТРАНИ 

Ревитализација и модернизација на ТЕ „Битола“
Во 2013 година беше изведен зафатот за модернизација на котелскиот систем во ТЕ Битола 2.  Проектот вреден  88,5 милиони евра опфаќа целосна промена на јагленовиот тракт, доводот на јаглен, доводот на воздух, промена на поголемиот дел од цевниот систем, намалување на нивото на штетните емисии и редица други зафати врз сите три термоблокови во РЕК Битола. Со целосната реализација на проектот што ќе заврши до октомври 2015 година,  АД ЕЛЕМ ќе стане компатибилен во делот на емисија на азотни оксиди и ќе ги исполни најстрогите европски директиви за заштита на животната средина.

ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕЕ И ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ 

Парк на ветерни електрани 
Во мај 2013 година на локацијата Ранавец кај Богданци  е поставен камен-темелник и почеток на градежните активности на паркот на ветерни електрани „Богданци“. Според воспоставената динамика, во текот на 2013 година е изградена потребната инфраструктура, придружните објекти како и дел од ветерниците. За својот прв ваков проект, АД ЕЛЕМ си постави за цел минимално годишно производство од 100 GWh од ветерна енергија или приближно 2% од моменталното годишно производство. Деталната анализа на локацијата покажа дека оваа големина на паркот на ветерни електрани целосно ќе ја оправда употребата на достапниот простор и ветерните ресурси, и дека токму локацијата Ранавеце најповолна за намената. Турбините се производство на Сименс - Данска и се вбројуваат  меѓу  најдобрите во својата класа. Инсталираната моќност на секоја од нив е 2.3 MW, висината на столбот изнесува 80 метри, а дијаметарот на елисата изнесува 93 метри.  ПВЕ „Богданци“се очекува  да испорачуваат најмалку 100 GWh природно одржлива енергија, што на годишно ниво е доволно за снабдување на домаќинствата на преку 60.000 граѓани на Република Македонија, или еден поголем град како Прилеп, Куманово, Тетово или Гостивар.  Истовремено тие  ќе ја зголемат инсталирана моќност  за речиси 37 MW.  

Со овој проект ќе се зголеми и учеството на обновливите извори во портфолиото на АД ЕЛЕМ и претставува уште еден показател за грижата на компанијата за животната средина.  

Во проектот вреден  55.5 милиони евра,   заемот од Владата на Сојузна Република Германија преку  КФВ банката изнесува  47.9 милиони евра, додека 7.6 милиони евра издвои „Електрани на Македонија“ од сопствени средства. АД ЕЛЕМ во соработка со Владата на Република Македонија  и во претстојниот период  решително продолжува да ја развива и да ја промовира обновливата енергија и да гради еколошки прифатливи производствени капацитети за потребите на сите граѓани на Република Македонија. 

ХИДРОЕЛЕКТРАНИ 

Ревитализација на ХЕ - втора фаза 
Во  третата декада на февруари 2013 година  почна  ревитализација на хидроелектраните на АД ЕЛЕМ - втора фаза со која е предвидена замена на застарената и истрошена хидро-механичка, машинска и електро опрема. Исто така се интервенира и во градежниот дел кај хидроелектраните  и кај нивните придружни објекти. Во рамките на реализацијата на проектот се инсталираше дополнителна опрема особено во делот на автоматизација на процесот на производство на електрична енергија, како и инсталација на дополнителна опрема за оскултација и набљудување на состојбата на браните, потоа стабилностаи сигурност, како и нивните придружни објекти. Проектот вреден 32,8 милиони евра што ќе биде целосно заокружен до средината на 2014 година предвидува продолжување на животниот век на постојните хидроелектрани,  како и зголемување на сигурноста и способноста, зголемување на инсталираната моќност  од 18,31 МW и дополнително годишно производство од околу 50 GWh електрична енергија, количество доволно за задоволување на потребите на над 30.000 граѓани во Република Македонија.

РУДНИЦИ

Јагленовото лежиште Живојно
ЕЛЕМ инвестира 3,5 милиони евра за геолошки и геотехнички доистражувања и испитувања на јагленовото лежиште Живојно.  Истражувањата се завршени во март 2013 година,  а  со  изработката на  елаборати за рудните резерви и нивнаревизија се заокружува процесот на доистражување во Живојно - како локација за нов рудник за јаглен, кој е неопходен за продолжување на животниот век на РЕК „Битола“.  Проценките  се дека во овој рудник, АД ЕЛЕМ ќе инвестира околу 103,5 милиони евра, а реализацијата би започнала по изработката на  Главниот  рударски проект.

Проширување на мрежата на ЕЛЕМ Енергетика
АД „Електрани на Македонија“ преку својата подружница „Енергетика“ од 1 јануари 2013 година почна да испорачува топлинска енергија за потрошувачите на целата територија на скопската населба Автокоманда. За таа намена, компанијата во текот на 2012 година го изгради магистралниот топловод во должина од два километри за населбата Автокоманда, инвестиција вредна 1,7 милиони евра направена на барање на граѓаните и на локалната самоуправа во соработка со Град Скопје. Со новата инвестиција, на мрежата на ЕЛЕМ Енергетика се приклучија дополнителни 1.854 семејства во 70 станбени единици, како и градинки,  училилишта, спортски сали и трговски објекти.

ИНВЕСТИЦИСКИ ВЛОЖУВАЊА ВО 2012

  • PDF

АД „Електрани на Македонија“ ги продолжува своите инвестициски активности за подобрување и за модернизација на постојните капацитети, а паралелно течат подготовките за изградба на нови производствени капацитети.  Во 2009 година го започнавме  најголемиот инвестициски циклус од постоењето на компанијата со сума од 37 милиони евра, која во наредната година прерасна во 50 милиони евра. Трендот продолжи и во 2011 година, со сума од приближно 61 милион евра, за да кулминира во 2012 година со инвестирање од скоро 100 милиони евра.

РУДНИЦИ

Површински коп „Подинска јагленова серија“
Просторот од наоѓалиштето ПЈС се наоѓа во експлоатациското поле на рудникот Суводол и зафаќа површина од околу 3 km2, односно 1/3 од вкупната површина зафатена со главниот јагленов слој (околу 10 km2). Подинскиот јагленов комплекс лежи под главниот продуктивен слој на наоѓалиштето и во него се издвоени 1÷18 слоеви на јаглен. Просечната дебелина на јагленовиот слој во ПЈС изнесува 14,97m.

Преку анализа и интерпретација на досега изведените истражни работи за истражување на ПЈС, како економски интересни се издвоени два подинска слоја на јаглен и тоа: I-отподински слој и II-отподински слој, односно главниот слој од ПЈС.09

Во текот на 2004 година беа извршени детални геолошки и геотехнички доистражувања и беше изготвена техничка документација, при што се добиени потребните параметри за геолошката градба, инженерско-геолошки и геомеханичките карактеристики. Со овие истражни работи утврдени се геолошки резерви од 55.000.000 тони јаглен, од кои експлоатациските резерви се во висина од 50.000.000 тони со коефициент на откривка од 1 : 4,7 метри кубни за тон.

Технологијата на експлоатација на „Подинската јагленова серија“ се изведува со континуирани БТО-системи, со користење на дел од опремата од ПК „Суводол“ и набавка на еден нов БТО-систем. Транспортот на јаглен, кој ќе се откопува од ПЈС, ќе се врши преку сегашниот транспортен систем, кој се користи во рудникот Суводол.

Јагленово лежиште „Мариово“
Во својата развојна политика за навремено обезбедување на експлоатациски резерви на јаглен, АД „Електрани на Македонија“- Скопје континуирано и систематски презема соодветни активности за доистражување на потенцијалните наоѓалишта за експлоатација на јаглен. Во рамките на ваквата определба треба да се споменат истражувањата во јагленовото наоѓалиште „Мариово“.

За јагленовото наоѓалиште „Мариово“ АД ЕЛЕМ во текот на 2009 г. и 2010 година изврши доистражување и изработка на техничка документација (елаборати). Изработените елаборати имаат карактер на сводни елаборати, односно во нив освен од досегашните сублимирани резултати,  земени се предвид и резултатите од порано изведените истражувања и испитувања.
Отпочнувањето со работа на рудникот за јаглен со подземна експлоатација „Мариово“ би било реална основа и добра перспектива за излегување на овој крај од долгогодишната пасивност и раселување.
Во текот на 2012 година изработен е главен рударски Проект за отворање рудник со подземна експлоатација во Мариово, од Премоговник Велење, Словенија и изработена е Студијата за оцена на влијанието врз животната средина.

ТЕРМОЕЛЕКТРАНИ

Ревитализација и модернизација на ТЕ „Битола“
Електраната ТЕ „Битола“ е во функција повеќе од 20 години. Трите блока во ТЕ „Битола“ почнаа со работа во 1982 г., 1984 г. и 1988 г. последователно. Секој блок има моќност од 225 MWel  и користи околу 2 милиони тони јаглен годишно.

ELEM-Termo_optПроектот „Ревитализација и модернизација на ТЕ `Битола`“ опфаќа три фази и тоа:

модернизација и ревитализација на турбини, генератори и автоматизација во ТЕ Битола;
модернизација и ревитализација на котлите и намалување на  NOx  во ТЕ „Битола“ и
модернизација на ладилните кули како и модернизација и ревитализација на ТЕ „Битола“ со намалување на  SОx и прашина.

Со модернизацијата и ревитализацијата на турбините, генераторите и автоматизацијате во ТЕ „Битола“ ќе се продолжи работниот век на ТЕ „Битола“ за 120.000 часови, ќе се модернизира проточниот дел на блоковите, ќе се модернизираат и регулираат турбините и на системот за заштита, ќе се модернизираат деловите на генераторот, ќе се модернизира динамичниот дијагностички мониторинг на блокот, ќе се изврши автоматизација на технолошкиот процес во ТЕ, ќе се зголеми коефициентот на корисно дејство, ќе се зголеми снагата за  дополнителни 8,32 MW по блок или 24,96 MW за ТЕ

Модернизација и ревитализација на котлите и намалување на NOx  во ТЕ „Битола“ и модернизација на ладилните кули
Со ревитализацијата на котлите се очекува:

  • Зголемување на КПД на котлите, т.е. обезбедување на продукција од 700t/h прегреана пареа (5450C, 140bar), со намален и променлив квалитет на јаглен;
  • Испитување, утврдување на фактичката состојба на грејните површини, замена на истите, во согласност со резултатите од испитувањата, и при тоа продолжувајќи го нивниот животен век за уште 120.000 часови;
  • Испитување и промена на системот за подготовка на јагленовиот прав, аеросмеса, како и на системот за согорување, со што би се обезбедила редукција на NOx при работа со јаглен со променлив и влошен квалитет. По завршената модернизација емисијата на NOx не смее да биде повисока од 200mg/Nm3 (согласно со  Directive 2001/80/EC).

Во фаза на реализација е Договорот за модернизација на котлите и намалување на NОx за трите блока, склучен со „Бабкок Борсиг“, потпишан на 16.12.2011 година. Реализацијата на модернизација на котел и намалување на NOx на Блок 3 заврши во 2012 година.

Модернизација и ревитализација на ТЕ „Битола“ со намалување на  SОx и прашина
Последната, трета фаза од Модернизацијата и ревитализацијата на ТЕ „Битола“ е во почетен стадиум. За таа цел изработена е физибилити студија од Yokogawa-TEPSCO-Kawasaki. Студијата беше иницирана во септември 2011 година, а финалната верзија на студијата се достави до АД ЕЛЕМ во април 2012 година.

Повеќе »

Контакт

АД "ЕЛЕКТРАНИ НА МАКЕДОНИЈА"
11. Октомври 9
1000 Скопје
Република Македонија

e-mail:contact@elem.com.mk

Енергетска мапа

energetska_mapa

За нас

Производство

Животна средина

Инвестирање

Општествена одговорност

Контакт