Затвори
Тендери

Почетна Животна средина Животна средина и општество

Животна средина и општество

Енергетски извори

  • PDF

ХИДРОЕЛЕКТРАНИ


Единствен обновлив ресурс чии енергетски, економски и еколошки параметри се потврдени и докажани во светски рамки е хидропотенцијалот. Нашата земја располага со значителен хидропотенцијал. Во АД ЕЛЕМ постојат седум хидроелектрани, од кои две проточни - Равен и Врбен и пет акумулациони - Вруток, Шпилје, Глобочица, Тиквеш, Козјак. Вкупната инсталираност на хидрокапацитетите изнесува 528,4 MW, односно 40% од вкупните капацитетите на АД ЕЛЕМ. Од целокупното производство на електрична енергија во АД ЕЛЕМ, хидропроизводството обезбедува 21%, пред сè, за задоволување на дневните варијации на потрошувачката на електрична енергија со што се постигнува поголема флексибилност и распoложивост на електроенергетскиот систем. Хидроенергијата е обновлив извор на енергија и секаде во светот таа добива значење поради повеќенаменското искористување: производство на електрична енергија, водоснабдување, наводнување, рекреација и риболов.

Повеќе »

Алтернативни извори на енергија

  • PDF

ЕНЕРГИЈА ОД ВЕТЕР


Ветeрот претставува неисцрпен извор на енергија чијшто глобален потенцијал повеќекратно ги надминува светските потреби за електрична енергија. Околу 2% сончева енергија се претвора во ветар. Користењето на енергијата на ветeрот за производство на електрична енергија почнала да се развива во триесетите години на 20 век и тогаш започнува изградбата на првите ветерници – објекти за електромеханичка конверзија на енергијата на ветарот. Производството на електрична енергија од ветар во тоа време била неефикасна и скапа. Со развојот на големите хидроелектрани и термоелектрани, ветерниците брзо паднале во заборав.

Повеќе »

Општествена и Социјална одговорност

  • PDF

Одговорноста кон општеството е наша деловна политика. Инволвирани сме во разни гранки на општеството каде има тесна врска меѓу нашата корпорација и заедницата на која и служиме. АД ЕЛЕМ поддржува проекти од хуманитарен карактер и од областа на културата, образованието и на технологијата. Грижата за најмладите претставува наше основно мото затоа помагаме со спонзорства, донации и спроведуваме хуманитарни активности. Ние ја облагородуваме природата и се грижиме за заштитата на човековата околина. Корпоративната одговорност ја сфаќаме како традиција и ќе продолжиме да помагаме бидејќи тоа е наш интерес и долгорочна цел.

ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ


Решен проблемот со водоснабдување на селото Врбен
Селото Врбен долго време го користеше  водоводниот  систем што е во сопственост на ХЕЦ „Маврово“, а е изграден во минатиот век. Поради застареност на системот и нарушување на зоната на изворот, често се случуваше да нема доволни количини вода за потребите на населението, а истовремено немаше доволно вода за ладење на агрегатите во ХЕЦ „Врбен“. Решението беше да се направи нов цевковод. ХЕЦ „Маврово“ ги презеде градежните активности во соработка со месното население. Почна да се истражува нова зона на извори, годишно се следеше нивната стабилност и е добиен просек на дотек од 1,2 до 1,5 л/с . Во должина на трасата беа вградени две каптажни градби, една комора, и цевковод со должина од 600 м. Со оваа инвестиција се реши проблемот за снабдување со санитарна вода за пиење на вработените од ХЕЦ „Врбен“ и за  ладење на агрегатите на електраната, каде што неколку пати  паѓаше притисокот,  што предизвикуваше испад на агрегатите. Обезбеден беше и дел од доводот за задоволување на основните санитарни потреби од вода за централата. Конфигурацијата на теренот и високите падови наметнаа изградба на комора во непосредна близина на централата со што се обезбеди нормален работен притисок за потребите на централата. Стариот довод не се користи повеќе за санитарни потреби и целосно служи за ладење на агрегатите, со што се исклучи можноста за пад на притисокот на овој довод. Новиот довод и постојната мрежа се пуштија во употреба и функционираат беспрекорно.

Повеќе »

Заштита на животна средина

  • PDF

ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ЗА ПОДОБРА И ПОСИГУРНА ИДНИНА


  • Свесни за неопходноста да ја заштитиме, зачуваме и унапредиме животната средина за сегашните и идните генерации нашата компанија ги презема сите чекори за заштита на животната средина.
  • континуирано следење на количините на штетни гасови и честички кои се   емитуваат во воздухот во нашите термоцентрали низ еколошки параметри
  • рекултивација и пошумување на експлоатираните јагленови ископи и   неутрализација на отпадните води
  • заштита на флората и фауната од влијанието на хидроакумулациите врз макро и   микро климата
  • глобална заштита на луѓето и имотите од поплави како при планирање на нови   така и при анализа и експлоатација на постојните хидроакумулации со изработка   на соодветни студии и проекти

Повеќе »

Контакт

АД "ЕЛЕКТРАНИ НА МАКЕДОНИЈА"
11. Октомври 9
1000 Скопје
Република Македонија

e-mail:contact@elem.com.mk

Енергетска мапа

energetska_mapa

За нас

Производство

Животна средина

Инвестирање

Општествена одговорност

Контакт