Затвори
Тендери

Почетна Производство Производство

Производство

Обновливи извори

  • PDF

ПОТЕНЦИЈАЛ ПРЕТОЧЕН ВО ИДНИНА

Сé она што е околу нас може да се преточи во енергија.

За нас влијанието врз животната околина е неизбежен фактор при изготвувањето на стратегиите за енергетски развој. За таа цел сe поголемо внимание посветуваме на истражување и развој на можностите за искористување на обновливите извори на електрична енергија во Република Македонија, како суштински за придонесувањето за одржлив енергетски развој. Имајќи го тоа предвид, наши главни стратешки предизвици за рационално користење на енергетските ресурси и развојот на обновливите извори се:

Повеќе »

Рудници

  • PDF

БЕСКОНЕЧНОСТ ПРЕТОЧЕНА ВО ЖИВОТ


Заробеното богатство во земјата го преточуваме во енергија. Јагленот е доминантен електроенергетски ресурс за производство на електрична енергија. Јагленот и гасот учествуваат со повеќе од 50 отсто во производството на електрична енергија во Европската унија и ќе останат во наредните децении важни карики во енергетскиот микс. Јагленот – лигнитот е основен енергент во електроенергетскиот систем во Македонија. Јагленот се применува и во индустријата, топлификацијата, но и за широка потрошувачка, а за нас е од суштинска важност понатамошното истражување на изворите, производството и неговото користење.

Стратешки може да се констатира дека иднината на енергетиката во Македонија е во веќе утврдените и потенцијални резерви на јаглен. Вкупните резерви на јаглен заедно со потенцијалите од Пелагонискиот басен се проценуваат на 2.5 милијарди тони.
Македонските јаглени се лигнити со релативно ниска калорична вредност и висока содржина на влага и пепел од геолошка плиоцентска и миоцентскастарост. Јагленот во РМ во моментов се експлоатира во два типа на рудници. Првиот тип се рудниците кои се во состав на термоелектраните за производство на електрична енергија (Суводол, Осломеј), а вториот тип се рудниците кои ги задоволуваат потребите на индустријата и широката потрошувачка од јаглен како гориво. Базната енергија на електроенергетскиот систем на државата се темели врз јагленовиот потенцијал на Кичевскиот и Пелагонискиот басен со утврдените јагленови наоѓалишта: Суводол, Брод-Гнеотино, Живојно, Осломеј, Поповјани и Страгомиште, кои овозможија отворање на двата наши големи површински копови на јаглен - ПК Осломеј и ПК Суводол.

Повеќе »

Термоенергија

  • PDF

ТОПЛИНА ПРЕТОЧЕНА ВО СОЗДАВАЊЕ


Термоенергетските ресурси се уште познати како фосилни, според начинот на кој настанале. Во нив спаѓаат: јагленот, нафтата, природниот гас и битуминозните шкрилци. Тие се необновливи електроенергетски ресурси што неповратно се трошат. Добивањето на електричната енергија во термоцентралите се одвива со претворање на енергијата на фосилните горива-јагленот, нафтата, гасот во електрична енергија.

Термокапацитетите даваат константна енергија. Термопроизводството има растечка тенденција. За одбележување е изразито високото термопроизводство остварено во електраните ложени на јаглен во последните десетина години, кое се движи и над проектираните величини. Ова особено се однесува на РЕК Битола. Стапката на раст на тремопроизводството е резултат на зголемената искористеност на капацитетите на рудниците за јаглен и на зголемената погонска спремност на објектите и вработените. Од сите нив, Република Македонија располага само со резерви на јаглен и тоа од категоријата млади лигнити.

Повеќе »

Хидроенергија

  • PDF

МОЌ ПРЕТОЧЕНА ВО ЕНЕРГИЈА


Моќта на водата ја преточуваме во енергија.

Водата е еден од најисплатливите извори на енергија и претставува најзначаен обновлив енергетски извор во Македонија. Хидропроизводството претставува 15% од вкупното производство на електрична енергија во АД ЕЛЕМ. Нашите хидроелектрани работат на принципот на конверзија на механичка во електрична енергија, при што основен двигател се водените текови, односно проточните води во земјата.
Вкупниот волумен на акумулациите е 891 000 000 м3 со вкупно годишно производство од 100 GWh. Вкупната инсталираност на хидрокапацитетите изнесува 504MW, односно 39% од вкупните капацитетите на АД ЕЛЕМ.

Повеќе »

Контакт

АД "ЕЛЕКТРАНИ НА МАКЕДОНИЈА"
11. Октомври 9
1000 Скопје
Република Македонија

e-mail:contact@elem.com.mk

Енергетска мапа

energetska_mapa

За нас

Производство

Животна средина

Инвестирање

Општествена одговорност

Контакт