Затвори
Тендери

Почетна Инвестирање Стратегија

Стратегија

  • PDF

SvPetkaFotka

Потребите за електрична енергија во Република Македонија постојано растат, со што производството во термо и хидро електраните постојано се зголемува. Развојната стратегија на АД ЕЛЕМ му дава приоритет на проширувањето на производ-ствените капацитети од обновлива енергија, особено на производството на електрична енергија од ветер и од вода.

Развојните планови на АД „Електрани на Македонија“ се насочени кон имплемен-тација на најдобрите практики и стратегии за привлекување инвеститори, како и развивање и имплементирање на практики за промоција на одржливиот развој и заштитата на животната средина. Во развојните планови на компанијата приоритетна е изградбата на нови објекти, но и ревитализација и модернизација на постојните капацитети. ЕЛЕМ спроведува амбициозна програма што има цел да го потенцира и да го промовира економскиот развој на целокупното стопанство.

АД „Електрани на Македонија“ ги продолжува своите инвестициски активности  за подобрување и за модернизација на постојните капацитети, а паралелно течат подготовки за изградба на нови производствени капацитети. Во 2009 година АД ЕЛЕМ го започна најголемиот инвестициски циклус од постоењето на компанијата, а трендот на инвестирање продолжува од година во година. Во согласност со својата деловна политика, како и досега, нашата компанија ќе ги насочува сите свои деловни и инвестициски активности кон натамошен раст и развој на компанијата и обезбедување стабилен и одржлив развој на електроенергетските капацитети.

pdf Инвестициски план 2016_2020

Контакт

АД "ЕЛЕКТРАНИ НА МАКЕДОНИЈА"
11. Октомври 9
1000 Скопје
Република Македонија

e-mail:contact@elem.com.mk

Енергетска мапа

energetska_mapa

За нас

Производство

Животна средина

Инвестирање

Општествена одговорност

Контакт