Затвори
Тендери

Почетна Корпоративно управување

Корпоративно управување

  • PDF

korporativno_001

ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДРУШТВОТО
Организациските делови на Друштвото се: Дирекцијата и седум подружници кои немаат својство на правно лице. Дирекцијата е со седиште во Скопје, а подружниците се: РЕК „Битола“ – Новаци со седиште во Новаци, РЕК „Осломеј“ – Осломеј со седиште во Осломеј, ХЕС „Маврово“ - Гостивар со седиште во Гостивар, ХЕС „Црн Дрим“ - Струга со седиште во Струга, ХЕС „Треска“ – Скопје со седиште во Скопје, ХЕЦ „Тиквеш“ – Кавадарци со седиште во Кавадарци и „Енергетика“ – Скопје со седиште во Скопје. Со секоја Подружница раководи директор односно директори, кои ги назначува Управниот одбор, а чии надлежности се утврдени во Статутот и Правилникот за внатрешна организација на Друштвото. Со Правилникот за внатрешна организација поконкретно е уредена внатрешната организација на Друштвото по сектори, служби, одделенија со работни места и опис на работните задачи за секое работно место.

ОСНОВНА ГЛАВНИНА
Основната главнина на Друштвото изнесува 31.738.878.000 денари или 517.818.006 еур според среден курс на Народна банка на Република Македонија. Основната главнина на Друштвото е поделена на 31.738.878 обични акции со номинална вредност од 1.000 денари.

ВРАБОТЕНИ И КВАЛИФИКАЦИСКА СТРУКТУРА НА ВРАБОТЕНИТЕ
Во АД ЕЛЕМ - Скопје, заклучно 2016 година, има 4.892 вработени, од кои во: подружница ХЕС „Маврово“ - Гостивар 339, подружница ХЕС „Црн Дрим“ - Струга 220, подружница ХЕЦ „Тиквеш“ - Кавадарци 92, подружница ХЕС „Треска“ - Скопје 101, подружница РЕК „Битола“ - Новаци 2.800, подружница РЕК „Осломеј“ - Осломеј 1.002, подружница „Енергетика“ - Скопје 148 и Дирекција - Скопје 190.

br_vraboteni_2016

Според степенот на стручна подготовка најголем број вработени или 41,7% се со IV степен средно училиште, 25% од вработените се со III степен средно училиште, 11,2% се ПК работници со II степен, 10,5% се со VII/1 степен или високо образование, 5% се со I степен - неквалификувани вработени, 2,8% се со VI степен вишо образование, 2,5% се со V степен - високо квалификувани работници,1,3% се со VII/2 степен - магистри и речиси 0,2% од вработените во друштвото се со VIII степен - доктори на науки.

vraboteni_obrazovanie2016

Контакт

АД "ЕЛЕКТРАНИ НА МАКЕДОНИЈА"
11. Октомври 9
1000 Скопје
Република Македонија

e-mail:contact@elem.com.mk

Енергетска мапа

energetska_mapa

За нас

Производство

Животна средина

Инвестирање

Општествена одговорност

Контакт