Затвори
Тендери

Почетна Настани АД ЕЛЕМ на Саемот за вработување и пракса

АД ЕЛЕМ на Саемот за вработување и пракса

  • PDF
saem_za_vrabotuvanje__2017

АД ЕЛЕМ  учествува на четвртиот Саем за вработување и пракса „Контакт 2017“ кој во наредниве неколку дена се одржува во заедничките простории на техничките факултети (ФЕИТ/МФС/ФИНКИ/ТМФ). Студентите имаат можност непосредно  да се запознаат со можностите своето теоретско знаење да го надополнат со практична работа и да се стекнат со познавање од процесите и работната средина на компанијата, а воедно да стекнат и работни навики.

Опфаќајќи ги сите студенти, со акцент на техничките факултети, настанот има за цел да ги поврзе работодавците со студентите, преку овозможување директна промоција на компаниите од една страна и претставување на искуството и знаењата на студентите (директно или преку оставање на CV) од друга страна. На отворањето на саемот „Контакт 2017“, свое обраќање имаше министерката за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, која истакна дека светот се движи од индустриска економија, во дигитално дистрибуирана економија, каде што во светски рамки постои зголемена потреба од технички кадар. Таа додаде дека уште позначаен е фактот што техничкиот кадар не се бара само во технолошката индустрија, односно во ИТ-компаниите, туку и во сите останати дејности. Саемот за вработување  и пракса  го организираат Студентските парламенти на ФИНКИ и ФЕИТ.


Назад

Контакт

АД "ЕЛЕКТРАНИ НА МАКЕДОНИЈА"
11. Октомври 9
1000 Скопје
Република Македонија

e-mail:contact@elem.com.mk

Енергетска мапа

energetska_mapa

За нас

Производство

Животна средина

Инвестирање

Општествена одговорност

Контакт