Затвори
Тендери

Почетна За нас ЕЛЕМ на прв поглед

ЕЛЕМ на прв поглед

  • PDF

Електричната енергија е најважен фактор за економски развој на една земја, а нашата примарна цел покрај континуираното и стабилно производство на електрична енергија, е и изнаоѓање на нови извори на енергија и подобрување на еколошката свест. Електричната енергија не е дар од Бога, таа е најсофистицираниот извор на енергија. Нашата земја изобилува со разновидни природни богатства и ресурси кои можат да обезбедат доволно енергија за сите наши потреби. Ние ја облагодаруваме природата и ја произведуваме електричната енергија. За нас во АД ЕЛЕМ секоја капка вода и секое парче земја има огромно значење, затоа што знаеме дека таму се крие моќ, таму се крие моќта на енергијата.ELEM_totem_final

АД ЕЛЕМ е столбот на државата без негова стабилност нема подобра и посигурна иднина и затоа не треба да постои одлагање на развојното решение за иднината на нашиот систем. Нашите хидро и термо-капацитети работат постојано и се одржуваат деноноќно.

Ние од своите капацитети обезбедуваме околу 96 отсто од вкупното домашно производство. Од термоелектраните со инсталиран капацитет од 825 МW произведуваме 5.000 GW/h електрична енергија годишно, додека од хидроелектраните со инсталиран капацитет од 555 MW, произведуваме 1.200 GW/h годишно електрична енергија.

pdf Политика за квалитет
pdf Политика за безбедност и здравје при работа
pdf Сертификат OHSAS 18001:2007

НАШИТЕ ЛУЃЕ СЕ НАША МОЌ
Зад успехот, амбициите и добрите резултати стојат 4.498 
вработени. Тие најдобро знаат колку е макотрпно нашите постојни производствени капацитети да се одржуваат во најдобра кондиција. Ние во АД ЕЛЕМ, знаеме дека успехот на работата зависи од луѓето кои свесни за одговорноста и предизвикот, навремено и квалитетно ги извршуваат своите задачи. Ние се грижиме за континуирана едукација на своите вработени преку разновидни обуки, тренинзи и семинари. Ние го стимулираме иновативниот пристап во работата на нашите вработени, а тие ни враќаат со нивната професионалност, посветеност, лојалност и одговорност.

МИСИЈА


ПРИРОДА ПРЕТОЧЕНА ВО ЕНЕРГИЈА
Ние не ја создаваме енергијата. Таа е создадена и се наоѓа во природата во најразлични облици. Ние имаме едуцирани и посветени луѓе, технологија и капацитети кои ја преземаат енергијата од природата и ја преобразуваат во облик кој што на сите нас ни е потребен. Благодетите од електричната енергија ги чувствуваме сите преку другите видови енергија: топлинска, светлинска, механичка и звучна.

Ние природата ја преточуваме во енергија. Нашата работа не застанува тука. Ние се грижиме и за природата. Нашите вработени не се грижат само за процесот на производство, туку и за порационално и планско користење на природата и нејзина заштита, одржување и обнова.

ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ЗА ПОДОБРА И ПОСИГУРНА ИДНИНА
Свесни за неопходноста да ја заштитиме, зачуваме и унапредиме животната средина за сегашните и идните генерации нашата компанија ги презема сите чекори за заштита на животната средина.

  • континуирано следење на количините на штетни гасови и честички кои се емитуваат во воздухот во нашите термоцентрали низ еколошки параметри.
  • рекултивација и пошумување на експлоатираните јагленови ископи и неутрализација на отпадните води.
  • заштита на флората и фауната од влијанието на хидроакумулациите врз макро и микро климата.
  • глобална заштита на луѓето и имотите од поплави како при планирање на нови така и при анализа и експлоатација на постојните хидроакумулации со изработка   на соодветни студии и проекти.

ВИЗИЈА


ДА ПРИДОНЕСЕМЕ КОН ИСКОРИСТУВАЊЕ НА СЕКОЈ МЕТАР ПАД И ЛИТАР ВОДА ВО НАШАТА ЗЕМЈА
ЕЛЕМ е стожерот на електроенергетскиот систем, почетна, и главна алка во системот на производство - пренос - дистрибуција. ЕЛЕМ е производителот на енергенс наречен електрична енергија. ЕЛЕМ во моментов на домашниот пазар нуди три основни производи: активна енергија, реактивна енергија и системски услуги. Компанијата инвестира и верува дека производството од домашни ресурси е најисплатливо и долгорочно прифатливо за Македонија.

ЕЛЕМ работи за да им се придружи на современите и технолошки напредни земји во светот и да стане дел од Европската Унија - слободна трговија со струја, согласно директивите на ЕУ, либерализација, зголемување на конкуренцијата и раздвижување на сите учесници во електроенергетскиот сектор. Само така долгорочно може да се обезбедат средства за развој, да се поттикнат инвестициите во енергетиката и да се зајакне економијата во државава.

МОТО


НИКОГАШ НЕ ЗАПИРАМЕ, ПОСТОЈАНО СЕ РАЗВИВАМЕ
Ние се грижиме за континуирана едукација и надградба на нашите вработени преку разновидни обуки, тренинзи и семинари. ЕЛЕМ е работна средина која стимулира и иновативен пристап во работењето, поттикнувајќи ги своите луѓе за разработка на нови, алтернативни начини за поефикасно и поисплатливо искористување на ресурсите.

Контакт

АД "ЕЛЕКТРАНИ НА МАКЕДОНИЈА"
11. Октомври 9
1000 Скопје
Република Македонија

e-mail:contact@elem.com.mk

Енергетска мапа

energetska_mapa

За нас

Производство

Животна средина

Инвестирање

Општествена одговорност

Контакт