Затвори
Тендери

Почетна Настани Избрани најповолни понуди за набавка на електрична енергија

Избрани најповолни понуди за набавка на електрична енергија

  • PDF

Во согласност со спроведениот јавен оглас за набавка на електрична енергија од 7.3.2017, АД ЕЛЕМ ќе набави електрична енергија по просечна цена од 36,4 евра. Оваа цена е според очекувањата на „Електрани на Македонија“ и е пониска од моменталната производствена маргина на компанијата. 

Со оваа набавка ќе се создадат одлични предуслови АД ЕЛЕМ да ги продава вишоците на произведената електрична енергија и да додаде вредност на сопствениот производ во периоди кога берзанската цена ќе биде повисока. Вкупно ќе бидат набавени 32.710 мегават-часови за период од 11.3.2017 до 30.4.2017 година. На аукцијата учествуваа вкупно девет економските оператори .

Во периодот кој што следува АД „Електрани на Македонија“  ќе ја следи и анализира ситуацијата на пазарот, а со цел оптимизација на сопственото производство. Компанијата  ќе носи одлуки кои ќе бидат во согласност со потребите на граѓаните, а истовремено ќе обезбеди и поголема додадена вредност на крајниот производ и зголемен приход.


Назад

Контакт

АД "ЕЛЕКТРАНИ НА МАКЕДОНИЈА"
11. Октомври 9
1000 Скопје
Република Македонија

e-mail:contact@elem.com.mk

Енергетска мапа

energetska_mapa

За нас

Производство

Животна средина

Инвестирање

Општествена одговорност

Контакт