Затвори
Тендери

Почетна Хидроенергија

Хидроенергија

  • PDF

МОЌ ПРЕТОЧЕНА ВО ЕНЕРГИЈА
Моќта на водата ја преточуваме во енергија. Водата е еден од најисплатливите извори на енергија и претставува најзначаен обновлив енергетски извор во Македонија. Хидроелектраните во Република Македонија се акумулациони и проточни, со просечно годишно производство од 1200 GWh, а вкупната инсталирана моќност изнесува 555 MW, односно 40% од вкупните капацитетите на АД ЕЛЕМ.

Енергијата на водата претставува еден од првите енергенси кој што човекот ги користел во својата историја. Уште од 4-от век пред нашата ера е започнато користењето на енергијата на водата за движење на воденичкото тркало, а подоцна со развојот на науката и техниката започнува и изградбата на првите хидроцентрали (1882 година, на реката Фокс - Висконсин) за производство на електрична енергија. Хидроенергијата е најзначајниот обновлив извор на енергија познат досега. Неговото искористување е поврзано со изградба на значајни градежни објекти, пред се брани и акумулации, односно долги доводни тунели или цевоводи, кои објектите ги прават од една страна скапи за изградба но од друга страна допринесуваат за целокупниот развој на еконoмијата во земјата. Наспроти големата цена на изградбата, годишната експлоатација на објектите и производството на електрична енергија од истите е многу ниско. 

HEC-KozjakСо оглед на ограниченоста на природните ресурси во Република Македонија, искористувањето на хидропотенцијалот е од витално значење за развојот на електроенергетскиот сектор и државата во целост. Просторот во Македонија според конфигурацијата на теренот и климатските услови е предодреден за искористување на проточните води од реките, изградба на брани и формирање на поголеми и помали акумулациии.

Денес, со постојната изграденост на хидроенергетските извори, од технички искористивиот потенцијал се користи само 26,6%.

 

Прикажано по сливови тоа изгледа вака:

Слив  

Теоретски потенцијал  

Технички потенцијал  

Технички потенцијал  

GWh

GWh

GWh

Вардар

6.66

4.559,3

1.150,0

Црн Дрим

2.203

964,9

583,0

Вкупно

8.863

5.524,2

1.471,7

Контакт

АД "ЕЛЕКТРАНИ НА МАКЕДОНИЈА"
11. Октомври 9
1000 Скопје
Република Македонија

e-mail:contact@elem.com.mk

Енергетска мапа

energetska_mapa

За нас

Производство

Животна средина

Инвестирање

Општествена одговорност

Контакт