Затвори
Тендери

Почетна Општествена одговорност Стратегија

Стратегија за општествена одговорност

  • PDF

АД „Електрани на Македонија“ е општествено одговорна компанија која покрај својата основна економска цел производство на електрична енергија,  својот производствен успех го смета за нерездвоен дел од развојот на целокупната општествена заедница во рамките на која стопанисува.  Ние, корпоративната одговорност ја сфаќа како традиција и ќе продолжиме да помагаме бидејќи тоа е наш интерес и долгорочна цел.

Ние сме успешна компанија, одговорна кон општеството и околината во која работиме. Знаеме дека општествената одговорност е во интерес на деловниот успех и на профитот, а не трошок кој е штетен за сопствениците. Инволовирани сме во разни општествени активности каде има тесна врска меѓу нашето деловно работење и заедницата на која и служиме. АД ЕЛЕМ е вклучен во многу гранки на општеството, поддржува проекти од хуманитарен карактер, поведува иницијативи поврзани со младите и со образованието, традицијата и културата, го помага здравството, науката и технологијата, спортот и забавата.

Грижата за најмладите претставува наше основно мото затоа помагаме со спонзорства, донации и спроведуваме хуманитарни активности. Ние ја облагородувме природата и се грижиме за заштитата на човековата околина. Со нашето дејствување  ние се поврзуваме со луѓето и играме голема улога за создавање похумано општество.

АД ЕЛЕМ, спроведувајќи ја Декларацијата за општествена одговорност, објавува jавни повици согласно своите можности за распределба на средства вo рамките на свoјата прoграма за влoжување вo заедницата. Пoвикoт за распределување средства е насочен кон адресирање прашања и решавање проблеми од широк спектар области, а на повикот може да се пријават домашни физички и правни лица. Целта на програмата за донации и за спонзорства на АД „Електрани на Македонија“ е да се придонесе за развој на државата, подобрување на животниот стандард и унапредување на животната средина. 

pdfДекларација за општествена одговорност

Контакт

АД "ЕЛЕКТРАНИ НА МАКЕДОНИЈА"
11. Октомври 9
1000 Скопје
Република Македонија

e-mail:contact@elem.com.mk

За нас

Производство

Животна средина

Инвестирање

Општествена одговорност

Контакт