Затвори
Тендери

Почетна Инвестирање Развој и инвестиции Инвестиции

Инвестиции

  • PDF

ИНВЕСТИЦИСКИ ВЛОЖУВАЊА ВО 2011 ГОДИНА

 Во текот на 2011 година ЕЛЕМ инвестираше околу 61,1 милиони евра. Позначајните инвестициски вложувања се одвиваа на следниот начин:

  Рудници

 РЕК „ Битола“

 Во најголемиот комбинат за производство на електрична енергија РЕК „Битола“ се реализира инвестицискиот проект за модернизација на термоблоковите, што воедно е и најголемата инвестиција од изградбата на Комбинатот, вредна 56 милиони евра. Овој значаен мега-проект на ЕЛЕМ започна лани со модернизацијата на првиот термоблок, а ќе заврши догодина кога комплетно ќе се осовремени и третиот блок на термоелектраните на РЕК „Битола“. Во 2011 година беше модернизиран вториот блок и беа инвестирани 18,4 милиони евра. Модернизацијата успешно ја реализира руската компанија „Силовие машини“, а со осовременувањето на турбоагрегатот, освен зголемување на капацитетот на работата, се очекува и продолжување на експлоатациониот век на блокот за најмалку уште 120.000 работни часа.Овој зафат е од исклучително значење за електроенергетската стабилност на Република Македонија, бидејќи ќе се зголеми инсталираната моќност на термоелектраните во Комбинатот за дополнителни 8,32 мегавати по блок, односно 25 мегавати за трите блока, со што ќе се зголеми производството на електрична енергија од 160 до 200 гигават часа на годишно ниво, без дополнително зголемување на потрошувачката на јаглен. 

 Модернизација и ревитализација на котли и намалување на NOx емисиите во РЕК „Битола“

 Во 2011 година започна реализацијата на проектот за модернизација на котлите во термоелектраните „Битола“ и намалување на NOx емисиите. Инвестицијата вредна 88,5 милиони евра ќе ја изведува реномираната германската компанија „Бобкок Борсиг“. Во 2011 година, за започнување на работите, беа инвестирани 1,6 милиони евра. 

 Површински коп „Брод-Гнеотино“ 

 Рудникот  „Брод-Гнеотино“, кој треба да го продолжи животот на РЕК Битола за 20 години,  е технолошки  целосно комплетиран и во завршна инвестициска фаза. Таму завршува изградбата на главниот транспортен систем за јаглен од тој рудник до Суводол во должина од 11 километри кој го изведува германската компанија Тисен Круп, проект вреден 18,6 милиони евра. Во текот на 2011 година за овој проект се инвестирани 16,7 милиони евра.

 Површинскиот коп „Подинска јагленова серија“ 

 За изведба на експлатациони бунари во површинскиот коп подинска јагленова серија склучен е договор со изведувачот Градежен институт Македонија во износ од 3 милиони евра. Во 2011 година по основ на овој договор се инвестирани 0,8 милиони евра.

 РЕК „Осломеј“

 Во тек се подготвителни активности за изградба на транспортен систем за водено складирање на пепелта во РЕК Осломеј“. Во овој, мошне значаен еколошки проект на АД ЕЛЕМ, во 2011 година се реализирани  инвестициски активности во износ од 900.000 евра .

Истражувања на наоѓалишта за јаглен 

АД ЕЛЕМ, за обезбедувањето долгорочен стабилен електроенергетски систем  продолжи и со активностите за активирање  нови  лежишта на јаглен.  

  • · Јагленовото наоѓалиште Мариово
Во тек е изработка на Главниот рударски проект за отворање, подготовка и експлоатација на јагленот со јамска технологија за јагленовото наоѓалиште Мариово, од страна на избраната компанија Премоговник – Велење, Република Словенија во износ од 0,7 милиони евра. Во текот на 2011 година за оваа цел се инвестирани 0,2 милиони евра.
  • · Јагленовото  наоѓалиште Живојно 

За  проектот за истражување на јагленовото  наоѓалиште Живојно, АД ЕЛЕМ склучи  договор со Градежен институт Македонија(ГИМ) во вредност од  2,8 милиони евра за геолошки и за геотехнички доистражувања и испитувања.  До крајот на 2012, истражувањата ќе завршат со изработка на  елаборати за рудните резерви. Во текот на 2011 година за оваа цел се инвестирани 2,2 милиони евра.

Обновливи извори на енергија

ХЕЦ„Бошков мост“, акумулација „Луково Поле“ и паркот на ветерни електрани „Богданци“ 

АД ЕЛЕМ, во текот на 2011 година, работеше уште на подготовките за реализација на три многу значајни големи проекти како за АД ЕЛЕМ, така и за Република Македонија:  ХЕЦ „Бошков Мост“, акумулацијата „Луково Поле“ и паркот на ветерни електрани „Богданци“. Хидропроектите „Бошков мост” и „Луково поле” се во завршна фаза на подготовки, а  течат активностите и за реализација на ветерениот парк „Богданци“. Два тендери од овој проект веќе се во фаза на евалуација. Доколку се оди според планот,  веќе во првата половина на 2013 година, целиот парк ќе биде во функција и приклучен на електроенергетската мрежа. Во текот на 2011 година, за нашите проекти „Бошков Мост“, „Луково Поле“ и „Богданци“ се инвестирани 800.000 евра во истражни и консултантски работи. 

ХЕ „Света Петка“ 

Во 2011 продолжија  градежните активности на ХЕ „Света Петка“ со што овој капацитет влезе во завршна фаза од изградбата. За изградба на овој проект, во 2011 година, беа инвестирани 15 милиони евра. Браната е завршена, а во машинската зграда се монтираат и генераторите. 

Информациски бизнис-систем 

Во тек е имплементацијата на информацискиот бизнис-систем (САП ЕРП) чија примена ќе ги стандардизира, интегрира и автоматизира бизнис процесите во сите подружници на компанијата.  Овој напреден софтвер ќе овозможи побрзо донесување на одлуки и ефикасно организирање на производството и услугите . Оваа инвестиција на АД ЕЛЕМ вредна  4 милиони евра ќе овозможи поефикасни бизнис процеси низ различните подружници, ќе обезбеди навремени и точни информации на различни нивоа на работењето, ќе овозможи усвојување на најдобрите практики во индустријата, потоа оптимизација во користењето на ресурсите , како и целокупно подобрување на бизнис перформансите на компанијата. За оваа цел, во 2011 година се инвестирани 2,6 милиони евра. 

ИНВЕСТИЦИСКИ ВЛОЖУВАЊА ВО 2010 ГОДИНА

АД „Електрани на Македонија“ во текот на 2010 година активно ги продолжи своите инвестициони активности  за подобрување и модернизација на постојните капацитети, а започна и со подготовки за изградба на нови производствени капацитети. Со оглед на тоа што во 2009 година, АД ЕЛЕМ го започна најголемиот инвестициски циклус од постоењето на компанијата, во текот на цела 2010 година продолжи трендот на инвестирање и реализација на започнатите проекти. АД ЕЛЕМ инвестираше околу 50 милиони евра, во  нови проекти, како и во одржување на погонската подготвеност на постојните  енергетските објекти:

РЕК „Битола“

Во најголемиот комбинат за производство на електрична енергија РЕК „Битола“ се инвестираше во обезбедување континуитет во ископ на јаглен како и продолжување на работниот век на ТЕ „Битола“ со модернизацијата на трите блока. Редовното снабдување со јаглен на ТЕ „Битола“ ќе се обезбеди со паралелна работа на трите рудници „Суводол“, „Брод-Гнеотино“ и„ Подинска јагленова серија“.

Еден од најзначајните проекти изминатата година беше започнување на модернизацијата и ревитализацијата на блоковите со цел продолжување на работниот век на ТЕ „Битола“. Во текот на 2010 година успешно е завршена модернизацијата на првиот блок во износ од 22 милиони евра. Со втората фаза ревитализација на ТЕ „Битола“ се очекува да се обезбеди најмала потрошувачка на топлина на влезот на котелот односно зголемување на ефикасноста на блокот како и намалување на емисијата на штетни гасови согласно директивите на ЕУ. Проектот е во фаза на тендерска процедура за изведба и распишан е тендер за избор на консултант.

Проект за санација на постоечкиот багер од рудник „Суводол“

Хаваријата на роторниот багер СРс 2000/553 од рудникот „Суводол“ се случи во мај 2008 година. За санација на багерот склучен беше договор со фирмата Такраф (по системот клуч на рака). Финансиските средства во износ од 8,2 милиони, во согласност со  договорот со Такраф, беа обезбедени од АД ЕЛЕМ, а во 2010 година се реализирани инвестициски активности во износ од 3,3 милиони евра. Санацијата на багерот, што е наменет за ископ на јаловина во ПК „Брод-Гнеотино“, е комплетно завршена.

Површински коп „Брод-Гнеотино“

Отворањето на ПК „Брод-Гнеотино“, проект вреден 94 милиони евра е во завршна инвестициска фаза. Во април 2010 година беше потпишан Договор за набавка и за монтажа на главниот транспортен систем за јаглен од ПК „Брод-Гнеотино“ до ПК „Суводол“ со „Тисен Круп“ од Германија во вкупен износ од 17,32 милиони евра, со 85% кредитни средства обезбедени од Дојче банка. Изведбата ќе се реализира во период од 12 месеци. За оваа цел во текот на 2010 година се инвестирани 4,9 милиони евра.

Површински коп „Подинска јагленова серија“

Во мај 2010 година отворена е и пуштена во работа ПК „Подинска јагленова серија“ со пренамена на набавената рударска опрема багер и одлагач за ПК „Брод – Гнеотино“. За набавка на овој дел од опремата беа обезбедени финансиски средства со кредитно задолжување од КФВ банката во износ од 16,60 милиони евра од кои во 2010 година беа инвестирани 2,29 милиони евра.

Подружница „Енергетика“ 

Во текот на 2010 година целосно заврши реконструкцијата и модернизацијата на двата турбоагрегата во подружница „Енергетика“, лоцирана во скопската населба Железара. Со реализацијата на проектот, АД ЕЛЕМ, дополнително доби на располагање 30 MW нова инсталирана моќност за потребите на електроенергетскиот систем на Република Македонија. Во ноември 2009 пуштен е во работа првиот агрегат, а вториот агрегат во февруари 2010 година. За овој проект, реализирани се инвестициски активности во износ од околу 3,6 милиони евра, а во 2010г. се инвестирани 370 илјади евра.

Обновливи извори на енергија

ХЕЦ„Бошков мост“, акумулација „Луково Поле“ и парк на ветерни електрани „Богданци“ 

АД ЕЛЕМ во текот на 2010 година работеше на трите мошне значајни големи проекти како за АД ЕЛЕМ така и за Република Македонија, ХЕЦ „Бошков мост“, акумулација „Луково Поле“ и парк на ветерни електрани „Богданци“. Во 2010 година за овие проекти беа реализирани активности за изработка на техничка документација неопходна за добивање одобрение за градба и подлоги за потребите на понатамошното проектирање. Физичката реализација на трите споменати проекти се очекува да започне во текот на 2011 година. Финансирањето на проектите ќе се оствари со 15% сопствено учество на ЕЛЕМ, а останатите 85% се во завршна фаза на обезбедување од кредитни средства.

Проект „Ревитализација на хидроцентралите- втора фаза“ 

Со проектот „Ревитализација на хидроцентрали-втора фаза“ се предвидува да се замени застарената и истрошена хидро-механичка, машинска и електро опрема и да се интервенира во градежните објекти. Освен замена на старата опрема, во рамките на реализација на проектот, ќе се инсталира дополнителна опрема особено во делот на автоматизација на процесот на производство на електрична енергија, како и инсталација на дополнителна опрема за оскултација и набљудување на состојбата на стабилноста и сигурноста на браните и нејзините придружни објекти. Со спроведување на предвидените зафати вкупната инсталирана моќност на хидроелектраните во системот на АД ЕЛЕМ ќе се зголеми за 18,31 MW, како и дополнително производство на електрична енергија од околу 50 GWh. За оваа цел во 2010 година е потпишан Договор за кредитирање со KФВ банка. За овој проект обезбеден е и консултант кој во соработка со АД ЕЛЕМ ќе го изработи тендерот за опрема и ќе учествува во имплементација на проектот. Во тек е подготовка на тендерска документација за набавка на опрема.

ХЕ „Св. Петка“ 

ХЕ „Св. Петка“ е алката што недостасува за оптимално искористување на хидропотенцијалот на реката Треска. Со паралелна работа на ХЕ „Козјак“ и ХЕ „Св. Петка“ ќе се добие дополнителна расположива снага од cca 110 MW во електроенергетскиот систем. Во моментов се изведува бетонирање на машинска зграда и вградување на бетонирани делови и опрема, бетонирање на браната и дренажна галерија, инјектирање од инјекционите галерии на лева и десна бочна завеса. Паралелно со градежните работи се врши производство и испорака на опремата. Согласно временската динамика за реализација на активностите, предвидено е проектот да биде реализиран во текот на 2011 година, а во 2010 година реализирани се инвестициски активности во износ од 5,9 милиони евра.  

Проект „Сончева термоелектрана“

За проект сончева термоелектрана потпишан е консултантски договор за изработка на студија со Согреа и добиен е грант од француската влада во износ од 400.000 евра.


ИНВЕСТИЦИСКИ ВЛОЖУВАЊА ВО 2009 ГОДИНА


Приоритет на АД ЕЛЕМ е правилно и константно да ја спроведува инвестициската политика. Компанијата настојува да најде најсоодветни начини и можности за вложувања во развојни проекти. Во 2009 година АД ЕЛЕМ инвестираше приближно 37 милиони евра. Со инвестициските вложувања покажавме дека сме стожер на економијата во нашата држава и главен двигател на стопанските активности .
Инвестициите што ги инициравме во 2009 година се за проекти што се започнати и завршени во тековната година, но и за проекти што се во завршна фаза на реализација. Капиталните вложувања се наменети за реализација на проекти што се од суштинско значење не само за нашата компанија, туку и за државата: површинскиот коп „Брод-Гнеотино“ - со кој се продолжува работата на ТЕЦ „Битола“ за наредните 20 години, изградбата на ХЕЦ „Света Петка“, со што се заокружува хидросистемот „Треска“, реконструкција и модернизација на производствените капацитети, подготвување на студии и техничка документација за изработка на рударски проекти за експлоатација на јаглен од рудниците, и набавка на опрема за подобрување на карактеристиките на Компанијата.
invest

За целосна модернизација и зајакнување на производствените капацитети, ние ќе продолжиме да инвестираме во нови проекти со што ќе придонесеме за целосна енергетска стабилност, за унапредување на енергетскиот систем и за одржлив енергетски развој на Република Македонија.

 
Површински  коп „Брод-Гнеотино“
Во околината на нашиот најголем енергетски капацитет РЕК „Битола“ се наоѓа површинскиот коп „Брод-Гнеотино“. Со експлоатацијата на копот се продолжува работниот век на ТЕ „Битола“ за две децении. Во 2009 година набавивме дел од рударската опрема - багер и одлагач ЕШ 10/70 и ја поставивме на монтажното плато, вложивме средства за откоп на јаглен, со што реализиравме инвестициски активности од  8,8 милиони евра.
Изградба на ХЕЦ „Света Петка“
АД ЕЛЕМ во 2009 година вложи 3,6 милиони евра за изградба на ХЕЦ „Света Петка“ со што ќе се заокружи  хидросистемот „Треска“. Финансиските средства се искористени за набавка и испорака на два генератора со придружна опрема, избетонирана е инјекциона галерија со лев брег заедно со влезниот портал и целосно се завршени ископите на телото на браната. Во завршна фаза се ископите на машинската зграда и одводната вада  и подготовката за бетонирање.
Реконструкција на турбоагрегатите во подружницата „Енергетика“
Во ноември 2009 година се пуштени во работа двата реконструирани турбоагрегата во подружницата „Енергетика“. АД ЕЛЕМ вложи средства за модернизација на старите турбини, произведени во периодот од 1964 до 1966 година, кои не беа во функција многу години. По реализацијата на проектот, турбоагрегатите работат во когенеративен режим односно комбинирано произведуваат електрична и топлинска енергија.
Со реализацијата на проектот, АД ЕЛЕМ  доби на располагање  дополнителни 30 MW инсталирана моќност за потребите на електроенергетскиот систем на Република Македонија. Вкупната вредност на инвестицијата е 3,6 милиони евра, а во 2009 година се остварени инвестициски активности од 3,2 милиони евра.
Модернизација на ТЕЦ „Битола“
Реализацијата на капиталниот проект за РЕК „Битола“ започна во 2009 година со потпишување договор со руската компанија „Паур машинес“ (Силовие машини). Проектот  опфаќа модернизација и автоматизација  на генераторите на турбините и се очекува зголемување на моќноста на ТЕЦ „Битола“ за дополнителни 8,32 MW по блок или 24,96 MW на вкупната моќност. Проектот ќе се реализира во период од три години, а модернизацијата на турбините ќе овозможи подобрување на степенот на корисно дејство на агрегатите, без зголемување на сегашната специфична потрошувачка на јаглен. Проектот вреди 56 милиони евра, во 2009 година е платен авансот од  4,4 милиони евра за првиот блок.
Доистражување на резервите на јаглен во Мариовскиот басен
Приоритет на АД ЕЛЕМ е да вложува во изградба на нови производствени енергетски капацитети, кои би имале огромно значење не само за енергетската стабилност на земјата, туку и за енергетскиот одржлив развој. Имајќи ги предвид сознанијата за јагленово лежиште во Мариовскиот басен, во 2009 година, ние потпишавме договор со Градежниот институт „Македонија“ и започнавме  истражувачки активности на наоѓалиштето за јаглен во прилепскиот дел на Мариово, на потегот помеѓу селата Витолиште, Бешиште, Полчиште. Истражувањата треба да дадат прецизен одговор за големината на експлоатациските резерви, економската исплатливост, квалитетот на  јагленот од ова лежиште  и други негови карактеристики.
Врз основа на  резултатите од извршените испитувања подготвивме елаборат што ни послужи како основа за изработка на главен рударски проект, во кој ќе се дефинира технологијата за експлоатација на јагленот, годишниот капацитет за ископ на суровината и инвестициските вложувања неопходни за реализација на потребните фази за отворање и експлоатација на јагленот од наоѓалиштето. Подготвувањето на проектот ќе чини 700 илјади евра и ќе трае приближно две години. Во 2009 година е избран проектантот за изработка на главниот рударски проект за отворање и експлоатација на јагленот со јамска технологија од наоѓалиштето Мариово. Доистражувањата на Мариовскиот басен ќе чинат  2 милиона евра и се сопствена инвестиција на АД ЕЛЕМ.
Во согласност со добиените резултати од истражувачките активности, АД ЕЛЕМ ќе инвестира во изградба на нова термоелектрана што како енергенс ќе го користи  јагленот од гореспоменатиот подземен коп.
Имплементација на управувачки Диспечерски центар - СКАДА
АД ЕЛЕМ инвестира 2,2 милиона евра сопствени средства за имплементација на управувачки Диспечерски центар - СКАДА. Целта и намената на новиот Диспечерски центар е да обезбеди прецизно планирање и регулација на производството на електрична енергија во постојните термо и хидроелектрани, да се процесираат мерењата од сите производствени капацитети, да се врши автоматска контрола (AGC) и контрола на примарната и на секундарната регулација на електраните. Хардверските и софтверските решенија се имплементирани од реномираната германска компанија „Сименс“.

Контакт

АД "ЕЛЕКТРАНИ НА МАКЕДОНИЈА"
11. Октомври 9
1000 Скопје
Република Македонија

e-mail:contact@elem.com.mk

Енергетска мапа

energetska_mapa

За нас

Производство

Животна средина

Инвестирање

Општествена одговорност

Контакт