Планирано исклучување на Блок 2 во РЕК Битола поради редовен ремонт
АД ЕЛЕМ ја информира јавноста дека РЕК Битола во текот на денот ќе изврши планирано исклучување на Блок 2 и ќе почнат подготовките за редовниот годишен ремонт, предвиден за 25.7.2018г.
РЕК Битола ќе го продолжи континуираното производството на електрична енергија преку Блок 3, додека на Блок 1 привршува капиталниот ремонт и набрзо ќе се вклучи на мрежата.
Напоменуваме дека АД ЕЛЕМ произведува електрична енергија според планот и според потребите на тарифните потрошувачи, а исто така врши и продажба на вишоци електрична енергија. Сето тоа зборува за добрата кондиција на производните капацитети и доброто менаџирање на ресурсите, во насока на обезбедување енергетска стабилност на системот.